Јас би ти порепорачал да земеш засилувач со максимална моќност од околу 60-тина W (RMS). А бидејќи овие звучници имаат импеданса од 6ohm-и, а засилувачите најчесто се дефинираат на 4 или на 8ohm-и... ќе треба некоја мала проста математика да направиш
. Оваа математика не е баш најточна, но би требало да биде приближна
.
На пример, оној засилувач кој си го „меркал“ (во линкот од post-от) има максимална моќност (претпоставувам RMS, и ова треба да се провери) од 110W на 4ohm-и. На 6ohm-и, би требал да дава околу 80-тина вати (можеби малку помалку или повеќе)
. Така да, јас не би го земал овој засилувач, или ако веќе си решил да го купиш, поради други предности кои ги има (ти се допаѓа бојата на звукот, има чисти високи, добра тонска контрола, добра заштита од краток спој на излезот), не би го пуштал со поголема моќност од 2/3... е сега, мерач на излезна моќност најчесто немаат засилувачите
, така да, оваа моќност ќе треба да си ја определиш „од око“
. По некое време „работење“ со засилувачот и звучниците, ќе добиеш осет кога веќе ќе „почнат да се потат“
.