На звучниците им се измеруваат неколку важни карактеристики за да се "наштимаат" а тоа е нивото на дисторзија, фреквенциската карактеристика, поларна карактеристика, waterfall дијаграм, степ функција. Овие се најважните работи кои треба да бидат измерени за звучникот.
Секој звучник помалку или повеке има дисторзија, а по измерувањето таа се изразува во проценти. Класични звучници имаат дисторзија од 1-4%, а навистина добрите достигнуваат и дисторзија помала од 0.5%
Фреквенциската карактеристика прикажува колку еднакво звучникот ги свири сите фреквенции изразено во децибели. Ниеден звучник не ги свири сите фреквенции еднакво гласно (на график права линија). Најдобрите достигнуваат +/-2dB разлика.
Поларната карактеристика не е ништо друго, туку колку звучникот под различен агол е способен да ги репродуцира сите фреквенции. Просто кажано, фреквенциски карактеристики под различен агол.
Waterfall дијаграмот е многу сложен- прикажува на која фреквенциа, колку долго звучникот свири одкако првичниот сигнал прекинал. Се изразува во милисекунди, а што помалку, толку подобро.
Степ функцијата прикажува буквално како мембраната се придвижува при импулс.