Темава е постара ама пошто не сум често на форумов да дадам две три думи.
Прво. Експериментирањето е супер работа преку која може доста да се научи. Тука подршка од мене тотално.
Второ. Фејс плаг обишчно се користи за подобрување на фазниот и фреквентниот одзив во средните и средно високите тонови. Турбосоунд во некои од постарите модели дури и во некои бас бинови. Но тоа се обично разгласни кутии и употребата на чист фејс плуг на драјвери од типот на Фостекс мене не ми се идеално решение. Но не е погрешно.
Трето. Експериментов ти е на место но сето ова можеше на го прочитас во литература или на форуми без да упропастуваш драјвер.
Четврто. Звучник кој нема калота и користи фејс плуг како твојот обицно истиот е дирктно зашрафен на магнетот (не е залепен) и истиот е поврзан со мембраната со мал спидер и на тој начин се заменува функцијата на калотата (DUST CAP) да ја штити намотката од навлегување на прашина. Исто се заптива кутијата како што тоа го прави калотата. Во твојов случај такво нешто не постои и не би ти препорачал да го користиш драјверот во таква состојба. Прво поради прашината, второ што сега имас еден отворен пат на воздухот помеѓу внатрешниот волумен и надворесниот простор. При големи снаги притисокот кој ќе се јави овде кје ствара проток на воздух кој ќе “свири“ и ќе ствара дисторзии и дополнително ќе го ремети слободното движење на намотката. Еве една слика која илустрира као тоа се прави во професионалниот аудио свет.
Се разбира има повеќе видови на фејс плугови који имаат своја специфична функција.
Петто. Јас Арта користам исклучително ретко ( не се сеќавам дека су поставил некој графикон од Арта), Клио не користам воопшто. За дизајниранје на кутии користам Leap5. За брзи секојдневни меренја користам Smaart7, TrueRTA i REW.
Шесто. Најпрецизни мерења кога немаш глува соба се добиваат кога мериш надвор. Јас немам глува соба, но доволно сум на периферија да мозам во сред ноќ да излезам надвор да мерам без да вознемирувам никого. Со тек на години и стекнато искуство од мерења во дадена просторија ќе си ја научиш и просторијата како се однесува и кје знаеш да ги тумачиш графиконите иако се целите искршени. Овде многу помага да се мери со Sweep tone а не со розов шум.
И за крај. Се согласувам дека дури и со софтвер кој е фривер и екстерна звучна картица од пристоен квалитет можат да се добијат квалитетни мерни резултати. На крајот на краиштата сите разгласни системи се сетираат на лице место каде год да е концертот во далеку од идеални лабораториски услови.
Тоа што во целиот експеримент за мене е погрешно и фрла сенка на целиот труд е тоа што микрофонот е тотално погрешен за вршенје на акустички мерења. Ок тоа е можеби студијски микрофон и е квалитетен, но тоа не е мерен микрофон и резултатите се токму поради тоа тотално нерелевантни.
Калибрирањето кое го спомнувате ја калибрира звучната картичка. Не микрофонот.
Толку од мене овој пат. Поздрав и се надевам дека помогнав барем малку.