Author Topic: Од калота до фејз плуг  (Read 9463 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Од калота до фејз плуг
« Opened on 07.08.2013, Wednesday, 12:03:51 (Edited 07.08.2013, Wednesday, 15:35:44) »
Еве едно мало истражување кое го направив.
      На странските форуми и др научни дела многу се збори за предноста на фејз плуг наспроти стандардната калота. Па решив и јас да направам звучник со фејз плуг. Како заморче го земав Simsonik SW820B ја извадив калотата и вградив фејз плуг со точно одредени димензии. Фејз плугот го правев јас самиот од бука дрво. Пајцувано и еден слој заштита за дрво.
     Потоа следеше тестот за докажување дали има стварно разлика, бидејки и на звук имаше разлика но сето тоа мора да се испита и на инструмент. Повторно ги измерив Теле-смал параметрите на звучникот и се покажа нешто интересно. Qts опадна за 0.05 (полесна мембрана) а ефективноста на звучникот се покачи за 0.3dB. Vas рипна за 0.3 литри а Fs за 1Hz отиде погоре. Ова е ресултат на полесната мембрана се разбира.
     Следи тестот за фреквенции и дисторзија. Тестот е изведен со АРТА софтвер и кондензаторски микрофон преку професионална звучна карта. Како тест кутија беше искористена 16 литри кутија без никакво дампирање (за жал). Измерено е на 20цм напред од звучникот, стандардот 1м пред звучникот, и 1м 30степени на страна од звучникот. Дупката која е добиена околу 1000Hz е резултат на стојните бранови во кутијата.
    Веднаш се покажа разлика во фејз плугот. Ја израмни фреквенциската карактеристика на звучникот и ја намали дисторзијата на повисоките фреквенции. Погледнете ги графиците за деталите.
    Најзабележливо е опаѓањето за цели 5dB на 3kHz. Дисторзијата е речиси еднаква на сите фреквенции што секако е поголема предност (нема колорации на само некои фреквенции). На графиците од фреквенции тестот е валиден само над 500Hz (оние дупки во басот се нереални бидејки програмата ја наместив да мери од 500 херци па нагоре за да исклучам реверберации од собата).

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #1 on 07.08.2013, Wednesday, 12:20:56 (Edited 07.08.2013, Wednesday, 15:36:16) »
Браво slidermc!!

Сите што сумњаат дека со саунд картица и програмче не може да се направат озбилни мерења, нека гледаат и и нека учат!

slidermc, колку Qts измери за Simsonic SW820B?
Јас порано го измерив,треба да најдам кај сум запишал,не се сеќавам тачно али сигурен сум дека беше најмалце Qts=1.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #2 on 07.08.2013, Wednesday, 18:00:18 (Edited 07.08.2013, Wednesday, 18:05:37) »
Маки,штом ме прозиваш,а некев да му ја расипам темата на колегава,само толку ке кажам/Ова не е научно откритие за да се потресуваш толку.Ова од пред едно 30 години е познато,батка.И најдовте со Симсоник експерименти ;D Qts опадна за 0.05 (полесна мембрана)! Многу големо чудо колку опаднал,нормално сте му ја извадиле калотата и опаднал Qts.Погледнете ги од пред 10-15 години сите високотонски хорни го имаа тоа * чудо* .Дури и повеке модели на Fostex одамна фабрички добија фејз плуг.Да се подобреле високите фреквенции.Добро .Еве ви и еден проект ,малку да прочитате. slidermc нека си експериментира,тоа е добро,ама немој молим те овој тип на мерења да ги споредуваш со оние во озбилни аудио часописи,кои ти наводно ги читаш.И на крај само прашање за slidermc - што се смени во звукот .односно каква разлика се осети?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #3 on 07.08.2013, Wednesday, 19:05:31 (Edited 07.08.2013, Wednesday, 19:09:22) »
Маки, ова е поновата верзија на симсоник SW820B порано имаше една плава поубава верзија. Qts=0.89 Fs=51 Vas=46L

Споено мислење: 07.08.2013, Wednesday, 19:09:22
Батка, сите одговори ке ги најдеш во погоре напишаното. И мерењата не се извршени со било која звучна картичка туку со професионална студио картичка, а микрофонот е исто така профи студиски микрофон. АРТА е исто така многу познат софтвер за мерење на звучници и аудио сигнали.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #4 on 07.08.2013, Wednesday, 19:20:43 »
Сите што сумњаат дека со саунд картица и програмче не може да се направат озбилни мерења, нека гледаат и и нека учат!

И мерењата не се извршени со било која звучна картичка туку со професионална студио картичка, а микрофонот е исто така профи студиски микрофон. АРТА е исто така многу познат софтвер за мерење на звучници и аудио сигнали.

Maki, значи сепак мерењата не се извршени со било кој звучна картица ;). Сепак, ти треба определена опрема за да можеш да вршиш вакви мерења ;).

Како и да е, од мерењата навистина се гледа дека се подобрува линеарноста на АФК-то, а и на дисторзијата, како што пиша, изедначена е ;). А и оние 5dB пад на 3KHz се одличен резултат ;). Супер ;). Одличен совет за сите оние кои сакаат да преправаат звучници ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #5 on 07.08.2013, Wednesday, 19:25:09 »
     Најтешкиот дел за озбилно мерење не е самата опрема туку просторот. Јас звучниците обично ги мерам на таканаречен полупростор бидејки секако само фабриките имаат анехоични соби. Маки и гигават, благодарам за поддршката, сакав да прикажам нешто интересно за сите оние кои сакаат да чепкаат звучници.
     Најпрепорачливо е овој фејз плуг да се стави на фулрејнџ звучник, бидејки таму ке се забележи најголема промена. Никако на звучници за вуфер!
    Друга предност е што помага во ладење на калемот од самиот звучник, нешто како бек вентилација на оние појаките вуфер-звучници.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #6 on 08.08.2013, Thursday, 00:26:34 (Edited 08.08.2013, Thursday, 00:28:25) »
slidermc мене ме радува кога некој експериментира и врши мерења,било какви.Спротивно на твоето сваќање дека можеби не те поддржувам,напротив - јас и советувам во секој пост да експериментирате по малку! Како рече Гига Ват сепак не со * прирачна* опрема.Но и ти самиот кажа - * ми фали....полупростор...анехоична соба..* Мислам дека треба да се запрашаме дали секој може тоа да си го дозволи финансиски.Значи,и да знаеш како некогаш треба да имаш со што и најважно -каде! И самиот рече дека ова метода е за фул - рејнџ звучници каде на овој начин се *пегла* најосетливиот дел од спектарот,Овие методи се добро познати (Fostex).Добро е ,продолжи и експериментирај си.Јас сега дефинитивно би ја обработил целата мембрана.Побарај,може би ке најдеш една стара метода на лупење на мембраната,односно хартиената мембрана се третира и се * лупи* еден слој,па се импрегнира...Тоа одамна се работеше на хартиените мембрани.Или да направиш нова мембрана од WC хартија.Го имаше и тоа.Ако имаш време ,експериментирај.Мојот пост беше упатен до Маки кој се израдува на неговиот Дедо Мраз,но за жал - далеку е Нова Година... 8)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #7 on 08.08.2013, Thursday, 00:58:41 »
Сакав уште да искоментирам за phase plug-от дека е одлично направен ;). Сам го правеше или кај некој дреар на дребонг? Исто така, шуплив е во внатрешноста или е полно дрво и со што е залепен?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #8 on 08.08.2013, Thursday, 01:12:58 (Edited 08.08.2013, Thursday, 01:14:59) »
Плугот е целиот од дрво, без празнини, самиот го правев, малку се помачив на тоа ама се исплатеше. За жал откинатото од хартијата не можев да го средам (пробав и со лак) ама хартијата целосно го усиса и остана така олупеница. Мембраната на SW820B е целата како лакирана. Дали има некој предлог решение?

Споено мислење: 08.08.2013, Thursday, 01:14:59
А да, залепен е со неостик директно на внатрешниот пол на магнетот. Можеш да го дигнеш звучникот држејки го за плугот. Центрирањето беше малку проблематично ама не и претешко.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #9 on 08.08.2013, Thursday, 01:36:41 (Edited 08.08.2013, Thursday, 01:40:47) »
Јас едно време експериментирав со врвови од ракети.Ако некој одел по овие такмичењава по ракетно моделарство, знае на што мислам.Мислам дека во Народна техника Кавадарци или Берово ,правеа од тенка пластика вакви елементи.Таа пластика е дувана,цврста,не се деформира и лесна е.Може би треба да се експериментира и со друг вид на дрво,полесно ,а исто така цврсто! 8)Исто така ,овој нашиов колега од Битола,радиоаматеров Бубе Z31GH е добар со дребунг и може се да направи!!За мембраната - одлепи ја целата и одвој ја од амортизер,спајдер, калем,па пробај да ја искористиш како шаблон за да направиш нова.Ако е лакирана хартија( или пластика) стави некој премаз за одвојување,па направи раствор од лепило за тапети  и  парчиња малку погруба WC хартија натопи ги во растворот ,па направи си нова мембрана.  8) Изгледа чудно,ама по шприцањето со црн мат спреј нема да се разликуваат.И уште 50% ке биде полесна.Е,ова се работеше пред едно 20-25 години.И уште нешто пробај место дрвен  фејз плуг стави калота од пинг понг топче и мери.Ке се изненадиш! ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #10 on 08.08.2013, Thursday, 03:17:59 (Edited 08.08.2013, Thursday, 03:21:40) »
A phase plug-от е правен по некои димензии (пресметани или превземени од некаде) или онака... на тепка ;D?

Мислиш дека би се постигнале подобри резултати со шуплив phase plug? Не знам, искрено, никогаш не сум отворил фабрички звучник со phase plug, така да, не знам дали и фабрички се изведуваат како полно дрво или се шупливи внатре... или можеби и едното и другото ;D, во зависност од бренд и/или модел ;).

Околу проблемот со откинантиот дел од мембраната каде што била калотата... штом викаш дека хартијата го впива лакот, можеби ќе помогне течна пластика. Но, ако веќе си го прекрил целиот искинат дел од мембраната со лак, пластиката нема да фати :S (да се впие во хартијата). Ако не е целиот искинат дел од мембраната поминат со лак, можеш да пробаш на следниот начин. Земи ја онаа пластикана што се топи со пиштол (има на пазар вакви пластични прачки ;)), исечи или скини дел од неа, стави ја во некое метално канче (на пример, измиена конзерва од сардина или нешто слично) и со фен и леткум загревај ја дур не стане течна. Може да добие малку кафеавкаста боја, но не се грижи, ова не е ништо значајно ;), само малку си ја прегреал ;), освен тоа и мемебраната е црна, така да, нема да се познава кога ќе се нанесе ;). Најдобро е ако можеш да ја топиш со SMD лемна станица, но може и со обичен или индустриски фен ;). Потоа, со обична четка за темперна боја, додека е уште стопена, полека нанеси на скинатиот дел од мембраната. Би требало убаво да се залепи и да добие сјај тој дел од мембраната ;). Е друи потоа, откако ќе се исуши пластиката, може да го поминеш со безбоен лак тој дел од мембраната ;). Единствен проблем е тоа што со ова ќе се додаде на тежина на мембраната, но не би требало премногу да се зголеми тежината ;).

А да, и четката за темпера ќе биде неупотреблива веќе ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #11 on 08.08.2013, Thursday, 11:04:17 (Edited 08.08.2013, Thursday, 11:22:10) »
Маки,штом ме прозиваш,а некев да му ја расипам темата на колегава,само толку ке кажам/Ова не е научно откритие за да се потресуваш толку.Ова од пред едно 30 години е познато,батка.

slidermc нека си експериментира,тоа е добро,ама немој молим те овој тип на мерења да ги споредуваш со оние во озбилни аудио часописи,кои ти наводно ги читаш.

batka, ја го пофалив slidermc што направил мерења на звучник со саунд хартица и софтвер,а фејз плугот е само плус.Ни мерењето ни фејз плуг не се ново научно откритие,али вакви мерења на звучници се реткост у Македонија.Колку што знам,прв у Македонија одавна ги има направено Владимир Филевски од Емитер,тек сега скоро Марјан Милошевиќ објави свои мерења на овој форум,а трет е slidermc.Уште еднаш, браво slidermc!
Мерењата од slidermc итекако можат да се споредуваат со озбилните часописи,сум видел у некои од нив мерења баш со ARTA софтверот и со саунд картица.И ти ќе го знаеше ова,да читаше часописи..

Споено мислење: [time]08 Август 2013, 10:13:05[/time]
Maki, значи сепак мерењата не се извршени со било кој звучна картица ;). Сепак, ти треба определена опрема за да можеш да вршиш вакви мерења ;).

Овие мерења стварно не се правени со било која картица,slidermc употребил професионална,али скоро исто би добил и со многу поефтина картица.Најважен е добар микрофон,микрофоните можат да имаат одстапувања од линеарното и по неколку dB.
Што е разлика од професионална до ефтина картица? Професионалната има рецимо изобличења испод 0,01% и одстапува највише 0,05dB од линеарното.Ефтина картица има изобличења испод 0,2% и одстапува највише 0,3dB.Таа разлика нема ни да ја видиш на измерените дијаграми,звучникот има многу повише изобличења и одстапувања.Али кога веќе имал професионална картица,зашто да не..

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #12 on 08.08.2013, Thursday, 11:21:45 (Edited 09.08.2013, Friday, 05:43:15) »
      Фејз плугот треба да биде од прилика долг колку висината на мембраната и колку што може поширок. Ако ставите пластичен плуг со тенки страни ке ви зуи и нема ни како да го залепите.
     Оние мерки кои ги прикажав се направени со бајаги полошо сработен плуг, бидејки јас пробав неколку форми и верзии од плугови. Тој личеше повеке како ракета ама немам слика да ви прикажам затоа морав овој убаво сработениот. Вчера конечно ја завршив кутијата за преправениов звучник со фејз плугот од сликата.
     Ги прикачив и фреквенциските карактеристики мерени во соба со овој тип на фејз плуг прикажан на сликата со звучникот. Оние нерамнини пикови и дупки се предизвикани од модовите на собата. Во анехоична соба би изгледало многу подобро - рамно. а немам време за да го мерам истово на отворено.
    Во првиот график е прикажан целиот спектар но и со модови од собата. Во вториот е искористена спецјална техника на мерење од која не зависи на каков простор е мерено бидејки автоматски програмот го мери само првичниот сигнал а не и рефлексиите, но затоа не може да оди подолу и да се измери и басот. До онаму каде што е валидна фреквенциската карактеристика ставив бела линија.
     Формата треба да биде како куршум а не како ракета како што ги прикажав првите мерења. Еве прикачив и слика како треба да изгледа дрвениот фејз плуг за најдобри перформанси.
     АРТАта се калибрира (се пушта феедбек сигнал од аудпут во инпут од звучната), такада може да се мери и со обична картица (фреквенциски) но дисторзијата ке биде поголема и не би можеле да извршите мерења за графиците на дисторзија.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #13 on 08.08.2013, Thursday, 14:37:00 (Edited 09.08.2013, Friday, 05:41:50) »
Е,Маки,Маки ти си далеку од многу работи,дури за  Македонија кога се  работи.Не е Филевски прв во  МКД  кој започна со мерењата  на  звучници итд. Уште далечните 80-ти години ,кога повекето од вас не ни беа родени,во Лабораторијата на  МРТВ  имаше еден човек ,навистина мајстор на занаетот,од кого многумина научија како се мерат,како се преправаат,подесуваат,за свртниците итд.Тој човек се викаше Живко Ангелковски,сега покоен.Тој е бардот на сите мерења,подесувања,тој го донесе  и  монтира MSI  миксерот во студио 3 на  МРТВ,долги години ја одржаваше целата студиска опрема и остана недостижен за некои работи и до ден денес. И молим те немој повеќе со Клио,АРТА итн да се замараш.Тоа што си среќавал мерења направени со таква и слична опрема го покажува нивото на тие аудио часописи.
А,за микрофони и квалитет да не зборувам.Не слушнав каков микрофон користел колегава и кој го наведува како * професионален*.

Споено мислење: [time]08 Август 2013, 14:15:36[/time]
Значи фејс плугот не е само со форма на куршум,има повеке облици ,некои од нив се поплитки,конуси ,па засечени со  канали.Ги има од алуминиум,пластика,полни. шупливи. Значи ,колегава гонаправил таков,што не значи дека не  може да проба и со друг облик.

Еве два линка

Code: [Select]
http://www.centauriaudio.com.au/diy/plugs.html
Code: [Select]
http://www.ahfartaudio.com/speakers/fostex.html
На вториов линк го  има истиот оној куршум кој го презентираше колегава.Еве и неколку слики меѓу  кои и еден врв ( така во бивша YU ги викаа),од пластика,шуплив ,но се полни со вата(памук) и колку има дампирање така и звукот му се менува.Вреди да се проба,кој сака.






Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #14 on 08.08.2013, Thursday, 17:04:03 »
     Сето тоа го имам прегледано батка, ова е наједноставното и најбрзото решение - изработка на плуг во форма на куршум и директно лепење на магнетот. Затоа и направив мерења за да видат луѓето од форумов како една опција која е СИГУРНО испитана дека работи.
    За мерењата е користен sE Electronics X1 кондензаторски микрофон кој е калибриран за овие мерења. Сметам дека не е потребно да прикажувам непотребни детали туку само она што форумџиите ги интересира - како до подобар евтин звучник.
    За оние што имаат доволно финансии секако не мора да се замараат со оваа работа туку може веднаш да си нарачаат измерени и средени звучници од SEAS или Vifa или Scan-Speak.