Во Америка имаат таканаречени flea markets, само што кај нив се изнајмува просторот или евентуално е на државно земјиште и е неофицијално оставен на продавачи за продажба (нешто слично на нашиот Бувљак).
Може да се покрене иницијатива и официјално државата да определи некое земјиште кое ќе биде за оваа намена. Инаку, секогаш вака ќе ги бркаат продавачите и они ќе треба да бараат нови локации, па дур да најдат, па дур да се координираат... поминаа недели, ако не и месеци. Се разбира, ова е веќе во сверите на „научната фантастика“ бидејќи вакво нешто официјално нема да се дозволи, се смета за нелојална конкуренција бидејќи на тие пазари често се продаваат и нови или крадени произоди. Така да, ова нема шанси да се случи.
Пазарџиите се бркаат само во ситуации кога на тие локации требаше нешто да се гради. Ова се случи два пати со Бувљакот. Првиот пат, требаше на локацијата на која беше Бувљакот на Бит пазар да се доградува објект за техничка опрема (онаа зграда што личи на склад, во внатрешноста околу средината има продавнички, а во средината тезги), а вториот пат е сега (мислам дека пак требаше нешто да се гради на таа локација). Секогаш ќе се јавува овој проблем освен ако ова не се регулира законски или со правилник.
Но, од друг аспект пак, државата успеа да ги регулира дивите продавачи на книги, плочи и што уште не, што продаваа на кејот на Вардар. Може на сличен начин да се регулира и ова. Но, доколку се случи ова, сметајте дека цените веќе нема да бидат толку „ниски“ како сега (ни сега не се ниски, барем според мене, а камо ли тогаш). Ќе треба да плаќаат за тезга, простор, ДДВ... така да, што знам... конкретно за купувачите, ова не оди во прилог. Но, од друга страна, веќе никогаш нема да бидат избркани од таа локација (која и да е).
Да бидам искрен, не верувам дека ќе најдат нова локација. Локацијата која ќе ја најдат, треба да биде блиску до центар, да не се користи за ништо друго или евентуално да не се бунат оние кои ја користат и за нешто друго (како што беше случајот со претходнава локација на Бувљакот, авто полигонот), да биде доволно голема и луѓето од претходно да ја знаат како локација за „диви пазарчиња“ од било каков вид (за да не мора да прашуваме „е кај е сега тоа“). На крајот мислам дека ќе се распадне овој пазар. Едни ќе продаваат на едно место, други на друго, а купувачите сигурно нема да „трчаат“ од еден Бувљак на друг и на крајот, ќе се откажат.
Јас и онака одамна се имам откажано од овој пазар, така да мене, не ми е многу гајле
. Мислам дека цените се превисоки и нереални.