Author Topic: Дилема: Бувљакот во Скопје! Постои сеуште или не?  (Read 6604 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Дилема: Бувљакот во Скопје! Постои сеуште или не?
« Reply #15 on 06.08.2013, Tuesday, 17:26:51 (Edited 06.08.2013, Tuesday, 17:36:11) »
Во Америка имаат таканаречени flea markets, само што кај нив се изнајмува просторот или евентуално е на државно земјиште и е неофицијално оставен на продавачи за продажба (нешто слично на нашиот Бувљак).

Може да се покрене иницијатива и официјално државата да определи некое земјиште кое ќе биде за оваа намена. Инаку, секогаш вака ќе ги бркаат продавачите и они ќе треба да бараат нови локации, па дур да најдат, па дур да се координираат... поминаа недели, ако не и месеци. Се разбира, ова е веќе во сверите на „научната фантастика“ бидејќи вакво нешто официјално нема да се дозволи, се смета за нелојална конкуренција бидејќи на тие пазари често се продаваат и нови или крадени произоди. Така да, ова нема шанси да се случи.

Пазарџиите се бркаат само во ситуации кога на тие локации требаше нешто да се гради. Ова се случи два пати со Бувљакот. Првиот пат, требаше на локацијата на која беше Бувљакот на Бит пазар да се доградува објект за техничка опрема (онаа зграда што личи на склад, во внатрешноста околу средината има продавнички, а во средината тезги), а вториот пат е сега (мислам дека пак требаше нешто да се гради на таа локација). Секогаш ќе се јавува овој проблем освен ако ова не се регулира законски или со правилник.

Но, од друг аспект пак, државата успеа да ги регулира дивите продавачи на книги, плочи и што уште не, што продаваа на кејот на Вардар. Може на сличен начин да се регулира и ова. Но, доколку се случи ова, сметајте дека цените веќе нема да бидат толку „ниски“ како сега (ни сега не се ниски, барем според мене, а камо ли тогаш). Ќе треба да плаќаат за тезга, простор, ДДВ... така да, што знам... конкретно за купувачите, ова не оди во прилог. Но, од друга страна, веќе никогаш нема да бидат избркани од таа локација (која и да е).

Да бидам искрен, не верувам дека ќе најдат нова локација. Локацијата која ќе ја најдат, треба да биде блиску до центар, да не се користи за ништо друго или евентуално да не се бунат оние кои ја користат и за нешто друго (како што беше случајот со претходнава локација на Бувљакот, авто полигонот), да биде доволно голема и луѓето од претходно да ја знаат како локација за „диви пазарчиња“ од било каков вид (за да не мора да прашуваме „е кај е сега тоа“). На крајот мислам дека ќе се распадне овој пазар. Едни ќе продаваат на едно место, други на друго, а купувачите сигурно нема да „трчаат“ од еден Бувљак на друг и на крајот, ќе се откажат.

Јас и онака одамна се имам откажано од овој пазар, така да мене, не ми е многу гајле ;). Мислам дека цените се превисоки и нереални.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Дилема: Бувљакот во Скопје! Постои сеуште или не?
« Reply #16 on 13.08.2013, Tuesday, 16:53:44 (Edited 13.08.2013, Tuesday, 17:04:47) »
Бувљакот се пресели под Американската амбасада



Откако беа отстранети од просторот под скопското кале, продавачите на дребулии денеска ги поставија своите импровизирани тезги на фреквентната улица Самоилова под Американската амбасада во Скопје сè до француските гробишта, објави Канал 5.

Продавачите најавуваат дека секој вторник и петок ќе продаваат на тоа место додека општината Центар не им даде соодветна локација.

Извор:

Code: [Select]
http://a1on.mk/wordpress/archives/191927#.UgpCwePE-lo.facebook

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Се надевам уште е тука, планирам да одам утре  :)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Се надевам уште е тука, планирам да одам утре  :)

Тука е јас денеска бев, нема некои многу интересни работи, ама сепак постои.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Ту на ова бувљакот што све немав земено од стари радија до компјутери имаше ;D ;D ;D.Мислам дека уште постои.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
И јас бев денеска ама немаше речини ништо, а и тоа што го има продавачите летаат со цените и уште се лутат кога се ценкаш. Купив некои ситници само и тоа е тоа.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Ни бувљакот не е тоа што беше. 8).Ги дуваат цените.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Дилема: Бувљакот во Скопје! Постои сеуште или не?
« Reply #22 on 29.11.2013, Friday, 20:41:13 (Edited 29.11.2013, Friday, 20:43:48) »
Taмо дефинитивно не е за одење! Попрво да се пазиш да не те тресне некоја кола или да дледаш ѓубре од канта вадено и со високи цени. Од друга страна, иде по полиција и пазарџиите бегаат. Кутија од CD-rom е 150 денари, некаде има и за 100ка. Ако се исценкаш ке ја добиеш може и за 50ка. Порано тие кутии беа по 20-30 денари и ништо више!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Дилема: Бувљакот во Скопје! Постои сеуште или не?
« Reply #23 on 29.11.2013, Friday, 21:21:59 (Edited 29.11.2013, Friday, 21:25:53) »
Да да многу се скапи во последно време, сега зависи и во кое време одиш, ако ги начекаш пред одење ќе ти го даде пошто зашто да не го мкне наредниот пазар пак, ама сепак поскапено е заразлика од претходно :) и за колите си во право :) а за ѓубрето, да тоа е ѓубре ама ете на некого може да му послужи и има многу исправни работи :D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Дилема: Бувљакот во Скопје! Постои сеуште или не?
« Reply #24 on 29.11.2013, Friday, 23:31:59 (Edited 29.11.2013, Friday, 23:38:00) »
Моите биле баш по кутии ги пратив исто и стварно кутиите поскапени.Како што спомна  DX-er претходно кутија од ЦД Ром беше до кај 30 денари а сега дигнати цените тродупло.За ѓубре.А да не зборам за тоа што ќе те изгазат коли 8).
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
nsu, зошто наместо Г, пишуваш Ѓ  ???
Жан

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Упс некои глупи навики се одвикнав божем и пак. :-[Се извинувам :-[
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
цените многу се качиа одкако се затвори автопазар, тие таму што продаваа отидоа да продаваат на бувљакот и повеќе луѓе има сега одколку порано...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: Zan
nsu, зошто наместо Г, пишуваш Ѓ 
Ако мислевте на ѓубре тогаш е во право !
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/%D1%93%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B5
Ако се мисли на оваа „ ѓ “ http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10015.msg99424#msg99424
Quote from: nsu
Стварно од кај дојдоја тие 0,23мм може да ми кажеш така ли си ѓи претпостави или имаш слушнато некаде.
Е овде не е по правописот !!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Готово поправено.Во иднина ќе пазам за тоа фамозно мое Ѓ.Ова нека биде опомена.Така се бев свикнал ете сите мои постови си ги корегирав до сега.Знам дека ја правам најголемата грешка со тоа Ѓ.Се извинувам. :-[
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш