Околу локацијата на woofer-от... гледам од левата страна има простор, таму можеш да го монтираш, ама да биде фиксен (да не може да се вади). Така ќе заштедиш на материјал, но и на волумен. Можно е да треба малку да ја продолжиш таа страна (да биде од иверка направена додатна продолжена комора). Околу лепењето и прицврстувањето... не знам, можеби некој има искуство во тоа, јас немам. Проблем е што со ова решение, перманентно ќе го уништиш изгледот на пластиката од левата страна на багажникот.
Не знам колку простор има од десната страна. Гледам има пластика, ама не знам што има под неа (цевката за полнење на резервоарот претпоставувам, ама не знам, не се разбирам премногу во коли).