јас почнав лампаш да правам, ама шворц останав...прво ти треба за почеток некои 200евра, па после да го продајш 400-500 евра, а како што вика Батка никогаш не си сигурен за звукот конечен. Индустриско производство, најголеми фирми во светов се...има тајни никогаш да не ги откријаш.
Ма не се секогаш ни тајни
. Некогаш се и грешки, ама добар маркетинг знае таа грешка да ја исправи во "feature"
. Као демек, така требало да звучи
. Знаете како е направена првата дисторзија
? Му паднал засилувачот на некој гитарист пред настап, се откачило нешто внатре и засилувачот звучел дисторзирано, арно ама, на гитаристов, му се допаднало како звучело и не сакал да си го поправи засилувачот
. И на други луѓе им се допаднало, почнале да бараат начини како и нивните засилувачи да ги преправат така да звучат, и потоа, намерно почнала да се реплицирала таа „грешка“ од компании производители на засилувачи за електрични гитари
.
Јас пак ќе ти препорачам да си направиш еден предзасилувачки степен со ламба, а остатокот транзисторски или со MOSFET-и. Скапа инвестиција е засилувач со електронски цевки, и колку што гледам, само џезериве сеуште се „палат“ на такви засилувачи
. Металциве одамна се префрлија на процесори и транзисторски засилувачи
. Тие имаат уште повеќе „заби“ од лампашите
. Добро дизајниран предзасилувачки степен со една електронска цевка верувам дека ќе го „покрие“ она што сакаш да го добиеш
.