Што се чува у тајност? Мерењата? Па мерењата се дадени у часописите.Јас само побарав пример на различни мерења,тоа би бил едини доказ дека се лаже на мерењата.
Не мислев на официјално објавените мерења, мислев на оригиналните, оние кои не се објавени. Да, две различни мерења на уст уред, немам видено, што не значи дека не постојат. Исто како што ти не можеш да докажеш дека не се штимани резултатите (официјално објавени резултати во списание не е доказ дека немало foul play од страна на списанието), така и јас не можам да докажам дека имало.
Види, јас не викам дека сите мерења се штимани и дека се е лага. Само пишав дека се прифаќам со доза на скептицизам. Не верувам додека не чујам и видам. Односно верувам, но... онака... одам по логика „барем така имаа пишано, дали е вистина, не знам“.
Таков пример ти не си видел и немаш доказ,а ипак веруваш дека на мерењата лажат.Верување у нешто без доказ,се вика религија а не скептицизам.А овде не збориме за религија него збориме за наука,за мерења у електрониката.
Друже, ти стварно си требал адвокат да бидеш
. Ќе земеш нешто што некој кажал и ке му ги испревртиш зборовите, на крајот и он сам ќе почне да се сомнева во тоа што го кажал
. А кој знае, можеби и си адвокат
.
Скептицизам е природна појава кај секој човек и не е религиозна побуда. Тоа е дел од инстинктот на самиот човек, животинскиот дел од него. Не верува во нешто или се сомнева дали нешто е вистина бидејќи претходно во неговот живот се случило да биде измамен за иста или слична работа. Тоа се нарекува Павлов рефлекс или условен рефлекс и кај животните (а и кај луѓето, само на повисоко ниво, бидејќи сме свесни за нашето постоење) се манифестира преку учење. Можеби ти текнува на оној експериментот кој по биологија ни го кажуваа: куче се става во кафез и на секој час, низ едната страна од кафезот се пушта електрична енергија, а пред да биде наелектризирана едната страна од кафезот, во просторијата се пушта звучен сигнал. По некое време, кучето почнува да учи и не се потпира ниту приближува до таа страна од кафезот откако ќе го чуе звукот. Може да не беше баш ваков експериментот, можеби сличен на овој беше (не ми текнува, одамна го имам учено
), но нешто слично на ова беше. Кај луѓето, овој условен рефлекс нема само вакво просто влијание (учење), туку има и друго, психичко влијание (бидејќи, како што наведов, сме свесни за нешто постоење, затоа имаме и покомплексна психа од животните). Бидејќи константно сме измамувани и лажени од една или од друга страна, ова предизвикува појава на ваков „рефлекс“ кај луѓето, односно, појава на скептицизам и не е поврзана со религиски побуди бидејќи (како што пиша) религијата е слепо верување, ова е условен рефлекс на настани кои и се случиле на индивидуата во минатото. Не знам кој има кажано, но дефинитивно (барем според мене) вистина е: сите сме последица на нашето минато.
Ако некогаш одавно те излажале дека постои Дедо Мраз,не значи дека сега на ништо не треба да веруваш.
Не, баш напротив, тоа е првиот wake up call кој ти го даваат родителите кога си мал и според мене, треба да постои. Многу разочарувачки е за едно дете кога ќе дознае дека не постои Дедо Мраз, но треба да има такво разочарување. Зошто? Бидејќи те подготвуваат за реалниот свет. Во него, никој нема на фин начин да ти каже „знаеш, оној дечко не е ОК, сака да те искористи, да те зезне“. Нема да дознаеш дека те зезнал се додека не останеш со зината уста, прашувајќи се „што се случи“. Вакви работи се случуваат секојдневно. Подобро е да бидеш скептичен према се, отколку слепо да веруваш дека сите се добри и сите сакаат да ти помогнат. Во моето искуство, точно е токму спротивното. Затоа не верувам ни на списанија, медиуми, итн... 1000 пати ми се покажало дека огромен дел од информациите се неточно прикажани или извртени или погрешно пренесени... намерно или не намерно... не знам, а и не ме интересира, само знам дека тоа не е вистинската слика. И затоа не сакам да верувам... односно верувам, ноооо... онака, како да чујам „трач“... „баба Стојна чула за оној Миле дека...“, ете така верувам
. Сум чул дека е „вака и вака“, а дали е вистина, не знам
.