Маки не знам колку години си и дали си испаднал од Македонија надвор,ама очигледно и да си бил ,си бил само туриста.Јас сум работел надвор и тоа во фирми * глава да те заболи* и сум видел и доживеал некои работи кои се врзани со техниката,продажбата и * финтите* со неа.Прво пак извртуваш работи - јас зборот * поткуп* никаде не го спомнав.Очигледно е твој *изум*.Имав еден шеф кој постојано ,со години,летуваше во Шпанија по еден месец,а пара не плаќаше! Се му беше однапред платено,бидејки ја снабдуваше фирмата со резервни делови од една шпанска фирма.Или за она ЕУ/Западен Балкан.Има томови да се пишуваат за тоа ,ама ти веројатно не си ни запознат со тоа.Пример од неодамна : истиот лап топ од ACER купен кај нас и истиот лап топ купен во USA се разликуваат 100%- од матична,хард,до мемориите:Се работи за ист производ ,со исти карактеристики ( така барем пишува).Имав прилика да ги отворам во ист момент!! Разликата-Шар планина!!Ти ми зборуваш за докази!? Кому да му се жалам и докажувам? Увозникот сигурно појма нема,дури ке рече- да,мојот е оригинал!
За часописите не ми кажувај - за да опстанат денес се врзуваат со спонзори кои им наоѓаат муштерии кои трошат таква и таква роба и благонаклоно намигаат да се форсира таква роба.И во фирмата 1-2 луѓе знаат,не сите.Ама јавна е тајна дека некои фирми делат бесплатни ајфони,супер скапи телефони....летувања,пстудиски патувања.Тоа е познато.И никој тоа поткуп не го вика!? Тоа се се *репрезентативни трошоци* ,во кои освен ручеци,вечери,спаѓаат и крстосувања.излети со брод,авион.....се и сешто.Малку се оддалечивме од темава- да,не треба 100% да им се верува и на оние*препишувачи* кои секоја трета статија ја започнуваат со * фантастичен модел,најдобар досега,за тие пари не можете слично да купите...* Тоа ти е батка- маркетинг! Така во светот се работи.А ти дали веруваш на тоа или сакаш да слушнеш прво,тоа е друга работа и зависи колку пари имаш во џеб и дали ти сам си ги заработил.
Споено мислење: 13.07.2013, Saturday, 22:56:27
Бидејки очигледно не ги читаш постовите до крај,поготово твоите,еве кој го стави во текст зборот * поткуп:
Цитирано од Маки:
*Никој не е будала да пишува ако нема ќар од тоа,авторите имаат ќар, примаат хонорар од часописот.
Ќарот на часописите е од претплатата и од продадени примероци на читателите и од рекламите на фирмите.Никој не е будала да прима поткуп за „улепшавање“ тестови,кога знае дека истиот уред сигурно ќе биде тестиран и у некој друг часопис каде не било платен поткуп.*