Author Topic: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?  (Read 32149 times)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Мислам дека Маки сака да каже дека квалитетната информација не е бесплатна во што го подржувам 102,5%  :). И во списание може да има неквалитетна информација но таа неможе да ти ја даде никој бесплатно затоа што издавачот си има трошоци за печатење. Од друга страна пак во списание многу поретко можеш да сретнеш неточна и непотполна информација како што е тоа случај на отворен форум затоа што постои рецензија на се што ќе излезе. На форум практично нема рецензија. Кој што сака може да каже и да тврди дека е тоа точно. Значи нема се на интернет за безпари. Секој кој мисли дека поседува квалитетна информација ја продава. Еве земи на пример софтвер. Ти можеби ќе најдеш кракуван Protel кој вреди седум осум илјади долари ама специфичен програм од 200-300 долари нема да најдеш и ако го сакаш ќе си го платиш. Ќе пробаш прво по илегалните сервери кои нудат се и сешто а откако ќе платиш за месес дена слободен download ќе видиш дека го немаат баш тоа што ти треба па ќе си го платиш регуларно програмот. Друго, имаш разни нацрти и упатства за изработка на разни уреди кои се продаваат од 5 до некои 30 долари. Што се однесува на примерот на Батка со ЕМИТЕР повторно се сведува на истото. ЕМИТЕР не е без пари но работи со информации добиени за безпари (мислам на делот од електроника, маглини и црни дупки не ме интересираат) ги пакува и продава. А за безпари толку бе б(Б)атка...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #106 on 08.08.2013, Thursday, 15:35:10 (Edited 08.08.2013, Thursday, 15:57:39) »
Батка,какви бре докази сакаш ? Даночната пријава? ;D Самиот си даде одговор-
колку одштампале и колку продале - можеби отштампале 70 000 ,ама колку продале- само тие си  знаат.Тоа е батка поентата.За тоа не мораат да лажат,напротив.Само даночната пријава никој никому во USA не ја покажува,Тоа е најстрого чувана тајна.

Споено мислење: [time]08 Август 2013, 14:51:01[/time]
Е,па  Муро - не знам што сака Маки да каже,ама веројатно не знае како да го каже.  Точно е дека никаде ништо не е без пари! Тоа и јас го кажувам стално ,ако ме пратиш.Проблемот е друг,ако не си сватил-  прво од  .net побрзо добивам информации,друго од списанијата ги добивам истите информации со закаснување ( ако сакаш и еве за ЕМИТЕР -она што тој го објавува во некој број како проект,јас сум го видел како информација пред 6 месеци или и пред тоа.)Квалитетот на информацијата е друга работа,ама не се слагам дека секогаш информацијата (зборувам општо!) е точна само во часописот.Реков дека се земам со резерва и ако треба да работам нешто,прво пребарувам, гледам и проекти во часописи,па одлучувам што  и  како ке работам.А за ЕМИТЕР дали има или нема пари,тоа си е нивна работа,бизнис.И право да ти кажам се помалку новости ( за без пари) токму добивам од нив.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Уште малку масло на оган...

MEDIJSKA MAFIJA: Bogosavljević lažira podatke o tiražima!

Quote
Agencija Stratedžik marketing uporno namešta podatke o čitanosti Kurira
BEOGRAD - Prevara Agencija Stratedžik marketing , čiji je direktor Srđan Bogosavljević, u protekla dva meseca, a naročito pred novogodišnje praznike, u svojim izveštajima, a na osnovu navodnih istraživanja o tiražu, lažira podatke o čitanosti Kurira. Agencija, naime, navodi da je čitanost našeg lista čak tri puta manja od realnog broja ljudi koji ga dnevno pročitaju.Najekstremniji slučaj lažiranja...

Со доказ !
Code: [Select]
http://www.najvesti.com/vesti-iz-srbije/vesti-drustvo/896129-MEDIJSKA-MAFIJA-Bogosavljevic-lazira-podatke-o-tirazima.html
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Во цел свет е така! Мислите во  УСА  го нема тоа  лажирање?  Па колку лажирања се прават околу гледаноста на ТВ станиците кај нив само. Тое ти е бизнисот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #109 on 08.08.2013, Thursday, 18:45:13 (Edited 08.08.2013, Thursday, 18:47:36) »
Хмм..нешто не ти чини логикава..Анкетата е поставена у тема за аудио техника,према тоа тука треба да гласаат луѓе што ги интересира аудио техника.Некого пример ако не го интересира радио техника,не би ја отварал уопште темата за радио техника,па не би ни видел дека таму има анкета за пример антени.Зашто би гласал на анкета за антени,ако не го интересира радио техника?Што се разбира од тоа?

Јас пак, баш напротив, ги отворам сите непрочитани теми и пораки. Не поради тоа што сум модератор и морам да пазам се насекаде, туку бидејќи ме интересира ;). Ова го правев и пред да бидам модератор ;). Од секаде може да се научи по нешто ново ;). Но, секој е различен ;). Не секој размислува како мене или како тебе ;). И сметам дека нема ништо лошо и други да гласаат. Темата и гласањето не е отворено само за оние кои ги интересира аудио техника, за сите е отворена ;). Ако не ги интерсира аудио техника, нормално дека ќе гласаат дека не купуваат списанија од областа на аудио техниката ;).

За да одвоиш дезинформација од права информација,треба да имаш познавања барем еднакви на тој што ја шири дезинформацијата,иначе како би препознал?

Ти пишав, читај коментари ;). Некој сигурно ќе ја провали лагата... ако навистина тоа што е напишано е лага ;).

А рачунај дека секогаш постои некој што знае више од тебе..па уште ако му плаќаат да шири дезинформации..

Можеби на него ќе му платат, ама што правиме со сите останати кои коментираат ;D. Не може сите да ги платат ;D. Па дури и да успеат поголемиот дел од оние кои коментираат навистина да ги платат ;D, што правиме со оние кои не се платени, а ја провалат лагата ;D? Секогаш ќе се најде некој кој ќе ја даде точната информација ;). Дали сега, дали по еден месец, дали по една година, секогаш ќе има некој таков ;). Само треба да знаеш да ја разграничиш таа точна информација од неточните ;). Веќе пишав дека имам оформено „филтер“ за вакви работи и ретко се случува да се зезнам ;). Ако ти немаш, тоа е твој проблем ;D ;). А дури и да се зезнам, на крајот на краиштата, така се учи човек ;) ;D.

Закључок: немој да си наивен. Американците имаат една многу добра поговорка: There is no free lunch! У сллободен превод: Нема ништо бесплатно,стално има некоја гадна финта у тоа.

Да, ова е апсолутно точно и верувам дека е така ;). И ова „држи вода“ се додека тоа кое што се нуди како информација, се нуди во работно време и за пари ;). Кога станува збор за работи кои се „надвор од работно време“, многу почеста е обратната ситуација ;). Ова до сега ми се покажало како точно 1000 пати ;). Да, за многу работи треба да си платиш и да си ги купиш, тоа е апсолутно точно, тоа никој не го негира, особено за работи кои се сметаат за навистина напреднати инфромации во определена област. И би го направил тоа, би платил, ако информацијата навистина ми треба, да, би платил. Но, да бидеме искрени, ако станува збор за некои „општи информации“ (да бидам по прецизен, информации кои се попознати во определена област), тие лесно се наоѓаат ;).

Пример за тоа дека луѓето „вон работно време“ се по „алтруистички“ настроени е и целиот warez околу нас (не мислам само за софтвер, мислам и на книги, музика, филмови). Да не сакаа да ги споделуваат овие работи луѓето, немаше толку warez да има ;D. Мислиш дека некој ги плаќа тоа да го прават ;D? Не ;D. Го прават од задоволство, од што сакаат ;). Дел од човековата природа е инстинктот да споделува информации ;). Проблемот е што овој инстинкт е засенет од трката по пари :S, па понекогаш луѓето, во трка за поголем профит или општо, за гола егзистенција, го потиснуваат овој инстинкт ;). Да можеш да го тргнеш профитот и парите од равенката, нема да има причина да не биде секоја информација достапна секаде ;).

А околу Американската поговорка... да бидеме искрени, барем кога зборуваме за информации и warez, сите знаеме дека над 95% од warez-от (општо, не само софтвер) доаѓа од Европските држави, а во последно време и од бившиот СССР и Азиските држави ;). Американците се такви какви што се, но тие не се причината зошто определени информации се достапни online, што, по сите правила, не треба да бидат достапни ;). Баш напротив, тие најчесто се пречката ;).

Статистиката е наука за прикривањена вистината -тргни од бројот  на невработени кај нас-види ја статистиката - види ја реалноста .Треба да бидеш слеп и ќорав за да видиш дека реалноста има друга математика.

Е, ова е апсолутна вистина ;D. Инаку, не знам колку знаете, но теоријата на веројатноста е измислена од страна на коцкари ;D. А статистиката, како наука, се базира на многу теории од теоријата на веројатноста и се многу блиски како науки ;). Кој учел нешто од теорија на веројатност, ќе знае за што зборувам ;). Во денешно време, многу науки се базираат на теоријата на веројатност, но мене ако ме прашате, тоа е чиста глупост. Знам, бидејќи знам кои „финти“ се прават за да се „напумпа“ определена вредност ;). Се тоа убаво ќе се „завитка“ зад „некоја равенка од некој автор“ и ти си „чист“ пред очите на јавноста ;). Во денешно време, теоријата на веројатност и статистиката се користат за манипулација на луѓето, а не за нивен напредок ;).

Тиражот не е најголема бизнис тајна,барем не е у USA. Пошто не читаш часописи,не ни знаеш дека у USA законска обврска е часописите еднаш у годината да објават у својот часопис годишен извештај од независна ревисорска фирма колкав им е тиражот,колку одштампале и колку продале.Тоа е основа за даночната пријава у IRS,тоа е америчката Управа за приходи,а таа е многу пострашна од нашата.

А таму да не нема манупулации ::). Има и во нашиот УЈП, има и во IRS ;). Немој да мислиш дека е различно ;). Се тоа убаво ќе се завитка, ќе се оправда на еден или друг начин и тоа е тоа ;). Се додека државата не губи ништо од давачките, на нив не им гајле кои информации ќе ги презентира фирмата/компанијата ;). Проблемот се јавува кога не се платени давачките врз база на реалните цифри ;). А тоа што некој ќе пише официјално на web сајт или во самото списание, тоа многу не ги интересира IRS ;). Како што пишаа многу други, тоа е бизнис, а компанијата/фирмата/списанието е спремно се да направи за да си го зголеми бројот на продадени примероци, а една од тие маркетингшки финти е токму таа: лажирај колку вкупно примероци се продадени за да потенцијалниот купец помисли „wow, ова списание навистина многу се продава, значи би требало да има интересни работи во него, ај ќе го купам“ ;). Тоа е проста капиталистичка логика ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нема потреба да лажира тираж - може слободно да напише -тираж 100.000 примероци.Се лажира податокот за тоа колку се потрошени (купени) примероци.Тука е целиот *штос*.И познатите дневни весници на тој начин го држат рејтингот.Никој не кажува колку дневно продава,само некоја статистика даваат.А за агенцијата.. 8) Американците го плаќаат данокот ама за нивна среќа тој е помал од овој нашиов,барем за часописите ;D

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Батка,какви бре докази сакаш ? Даночната пријава? ;D Самиот си даде одговор-
колку одштампале и колку продале - можеби отштампале 70 000 ,ама колку продале- само тие си  знаат.Тоа е батка поентата.

Знаат сите што читаат часописи.Ајде уште еднаш,пошто нејќеш да видиш што сум напишал
Тиражот не е најголема бизнис тајна,барем не е у USA. Пошто не читаш часописи,не ни знаеш дека у USA законска обврска е часописите еднаш у годината да објават у својот часопис годишен извештај од независна ревисорска фирма колкав им е тиражот,колку одштампале и колку продале.Тоа е основа за даночната пријава у IRS,тоа е америчката Управа за приходи,а таа е многу пострашна од нашата.

Даночната пријава е тајна,али тиражот и продадените примероци не се.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #112 on 09.08.2013, Friday, 10:57:49 (Edited 09.08.2013, Friday, 11:02:33) »
Нема потреба да лажира тираж - може слободно да напише -тираж 100.000 примероци.Се лажира податокот за тоа колку се потрошени (купени) примероци.Тука е целиот *штос*.И познатите дневни весници на тој начин го држат рејтингот.Никој не кажува колку дневно продава,само некоја статистика даваат.А за агенцијата.. Ладен Американците го плаќаат данокот ама за нивна среќа тој е помал од овој нашиов,барем за часописите Зеленко

Очигледно,амутот ти смета да видиш некои работи.Ајде ,остани си  насмеан и чекај го Дедо Мраз.

Споено мислење: 09.08.2013, Friday, 11:02:33


MEDIJSKA MAFIJA: Bogosavljević lažira podatke o tiražima!

Quote
Agencija Stratedžik marketing uporno namešta podatke o čitanosti Kurira
BEOGRAD - Prevara Agencija Stratedžik marketing , čiji je direktor Srđan Bogosavljević, u protekla dva meseca, a naročito pred novogodišnje praznike, u svojim izveštajima, a na osnovu navodnih istraživanja o tiražu, lažira podatke o čitanosti Kurira. Agencija, naime, navodi da je čitanost našeg lista čak tri puta manja od realnog broja ljudi koji ga dnevno pročitaju.Najekstremniji slučaj lažiranja...

Ова не го читаш ниту коментираш,не ти одговара!??
Со доказ !
Code: [Select]
http://www.najvesti.com/vesti-iz-srbije/vesti-drustvo/896129-MEDIJSKA-MAFIJA-Bogosavljevic-lazira-podatke-o-tirazima.html

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Уште малку масло на оган...

MEDIJSKA MAFIJA: Bogosavljević lažira podatke o tiražima!

Quote
Agencija Stratedžik marketing uporno namešta podatke o čitanosti Kurira
BEOGRAD - Prevara Agencija Stratedžik marketing , čiji je direktor Srđan Bogosavljević, u protekla dva meseca, a naročito pred novogodišnje praznike, u svojim izveštajima, a na osnovu navodnih istraživanja o tiražu, lažira podatke o čitanosti Kurira. Agencija, naime, navodi da je čitanost našeg lista čak tri puta manja od realnog broja ljudi koji ga dnevno pročitaju.Najekstremniji slučaj lažiranja...

Со доказ !
Code: [Select]
http://www.najvesti.com/vesti-iz-srbije/vesti-drustvo/896129-MEDIJSKA-MAFIJA-Bogosavljevic-lazira-podatke-o-tirazima.html

Toma,оваа вест не е масло на оган,него ладна вода на оган.  :D   :D
Toma и batka,прочитавте ли уопште што пишува у веста у оригинал и кој ја пишува таа вест?Линкот иде на порталот
Code: [Select]
najvesti.com, од таму е цитатот,али тоа е само дел од оригиналната вест,за да ја прочиташ целата вест у оригинал таму има линк до весникот Курир од каде потекнува целата оваа вест
Code: [Select]
http://www.kurir-info.rs/medijska-mafija-bogosavljevic-lazira-podatke-o-tirazima-clanak-604075
И што пишува таму?Весникот Курир се жали дека нивниот тираж уствари е многу повисок од оној кој го дава светската агенција Стратеџик маркетинг.И каде е тука доказот?  ::)

А знаете ли дека весникот Курир е обична „жута штампа“? Баш ќе им поверувам што ќе напишат..
Ево ја насловната вест од денешниот број на Курир:
Napali dete
Pokrenuta istraga o prebijanju male Tamare ispred Skupštine grada

Ако ова им е најважна вест,онда стварно..

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Maki... Протолкувај ги овие две реченици.

1. Во војна не  ја губиш главата.

2. Во војна не, ја губиш главата.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Maki... Протолкувај ги овие две реченици.
1. Во војна не  ја губиш главата.
2. Во војна не, ја губиш главата.
Toma, офтопик си.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ова тестови по граматика ли се :D или тестови од списанија ;)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721

За да одвоиш дезинформација од права информација,треба да имаш познавања барем еднакви на тој што ја шири дезинформацијата,иначе како би препознал?

Ти пишав, читај коментари ;). Некој сигурно ќе ја провали лагата... ако навистина тоа што е напишано е лага ;).

А рачунај дека секогаш постои некој што знае више од тебе..па уште ако му плаќаат да шири дезинформации..

Можеби на него ќе му платат, ама што правиме со сите останати кои коментираат ;D. Не може сите да ги платат ;D. Па дури и да успеат поголемиот дел од оние кои коментираат навистина да ги платат ;D, што правиме со оние кои не се платени, а ја провалат лагата ;D? Секогаш ќе се најде некој кој ќе ја даде точната информација ;). Дали сега, дали по еден месец, дали по една година, секогаш ќе има некој таков ;). Само треба да знаеш да ја разграничиш таа точна информација од неточните ;). Веќе пишав дека имам оформено „филтер“ за вакви работи и ретко се случува да се зезнам ;)

GigaWatt, не треба сите да ги платат,треба да платат само еден - најпаметниот!  :D   :D
За да разграничиш точна информација од неточна,треба да имаш знаење барем равно на оној кој ја пласира таа информација.Вероватноста ти да си у исти ранг со најпаметниот и најплатениот да шири дезинформации е..како да ти кажам.. а да не се увредиш..
А како ќе разбереш од коментарите кој е у право?Понов отреба да бидеш у исти ранг со нив..
Ти само мисли си дека си имаш добар филтер..Филтерот е добар колку што е добро твоето знаење.


. А тоа што некој ќе пише официјално на web сајт или во самото списание, тоа многу не ги интересира IRS ;). Како што пишаа многу други, тоа е бизнис, а компанијата/фирмата/списанието е спремно се да направи за да си го зголеми бројот на продадени примероци, а една од тие маркетингшки финти е токму таа: лажирај колку вкупно примероци се продадени за да потенцијалниот купец помисли „wow, ова списание навистина многу се продава, значи би требало да има интересни работи во него, ај ќе го купам“ ;). Тоа е проста капиталистичка логика ;).

Капиталистичката логика е обратна од твојата.Ако часописот објави на своите страници дека продал 70000 примероци,а уставари продал пола од тоа,онда IRS прво кај нив ќе затропа на врата,IRS итекако се интересира колкави се трошоците и колкав е ќарот од продажба.Никој капиталиста не е будала до толку,сосила да го влече за рака IRS да дојде кај нив..
А каде е тука угледот на ревисорската куќа,ако часописот ги лажира бројките онда дали и ревисорската куќа треба да ги лажира резултатите?Тие куќи живеат од тоа,ако ги фатат у лага кој ќе им даде работа?
А печатниците? И тие треба да лажираат колку одштампале и му наплатиле на часописот? А како ќе ја правдаат потрошената хартија?Таа хартија ја набавиле од некој добавувач,со фактури..Превише има умешани у извештаите за одштамапани и продадени примероци,таква лага лесно се открива,а IRS е немолосрден..
Ова што ти и batka го напишавте спаѓа у грандиозна теорија на заговор.А тек идејата дека у IRS можеш да ги потплатиш луѓето исто како кај нас..  :D   :D

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Maki  Размисли и ќе видиш дека прашањето е сосема на место , затоа што има поента во врска со извлекуванње на зборови и зборчиња и запирки и точки, сето тоа се двосмислени или слободно кажано кој како сака да толкува одредени текстови .
И уште нешто освен жолта какви списанија има и дали тие се обоени со други бои!

Сепак барам одговор.
Quote
Maki... Протолкувај ги овие две реченици.

1. Во војна не  ја губиш главата.

2. Во војна не, ја губиш главата.

Ги молам модераторите да го прифатат како дел од темата овој  „ офтопик “ !!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #119 on 09.08.2013, Friday, 17:24:34 (Edited 09.08.2013, Friday, 17:48:04) »
Maki  Размисли и ќе видиш дека прашањето е сосема на место , затоа што има поента во врска со извлекуванње на зборови и зборчиња и запирки и точки, сето тоа се двосмислени или слободно кажано кој како сака да толкува одредени текстови .
И уште нешто освен жолта какви списанија има и дали тие се обоени со други бои!
Сепак барам одговор.

Уместо да губиме време на реченици кои немаат везе со темава,може ли да го цитираш целиот текст од каде се извлечени зборови,запирки и точки, па да видиме што е двосмислено а што не е?

Часописи по боја се делат „жута штампа“ и на сите останати.
„Жута штампа“ се сензационалистички часописи што редовно штампаат непроверени и неточни ствари. Српскиот весник Курир е таков.Па види само која ударна вест имаат на насловна страна!!