ако не се лажам лампашко појачало неможе да се класифицира како hi-fi уред зашто го изобличува вториот хармоник (или третиот беше???) а за hi-fi уред не треба да има никакво изобличување (уствари многу мало треба да е) или грешка сум???
Е како тогаш најценети (во определени кругови) Hi-End засилувачи се лампаши
? Остај ги тие дефиниции, оние кои ја купуваат таа опрема немаат опрема за да измерат, а оние кои имаат, не секогаш даваат точни информации
. Знаат дека определена група на аудиофили се „палат“ на ламби, ќе им пишеме тоа што сакаат да прочитаат
.
Сите лампашки појачала осим оние у радијата се hi-fi,само зависи до која снага,некои се до 1W,некои до 10W,а некои преку 100W.
Ево измерени изобличења за лампашко појачало Sonic Frontiers Power 2:
http://www.stereophile.com/content/sonic-frontiers-power-2-power-amplifier-measurements
Укупно изобличење со сите хармоници и снага на 8 Ома звучник:
0,01% на 4W
0,03% на 10 W
0,06% на 55W
0,09% на 110W
Не верувам многу на мерења во списанија. Сакам да чујам, ако ми се допаѓа, како сака нека биде дефинирано
, нека не биде ни Hi-Fi, не ми е гајле
. Целата поента кај засилувачите и предзасилувачите со електронски цевки е да ги истакнат парните хармоници, особено вториот и четвртиот. Се разбира, ова се истакнува во опредлени „културни“ граници (а зависи и од преносните криви на искористената цевка), над определено ниво, веќе не е пријатно, само нервира. Така да, по самата идеја што сакаш да постигнеш со градење на засилувач или предзасилувач со електронски цевки, се гледа дека не можеме да заборуваме за „стриктно Hi-Fi“ уред. Сакаш да внесеш изобличување, а тоа не е идејата на Hi-Fi уредите
.
Добро, секој си има право да си ги дефинира работите како сака. Според мене, засилувачите со електронски цевки, да, спаѓаат во Hi-Fi уреди, но во така... „малку полабава“ дефиниција
.