Author Topic: Појачало со лампи! (изработено)  (Read 6934 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Појачало со лампи! (изработено)
« Opened on 12.07.2013, Friday, 18:13:15 (Edited 11.11.2013, Monday, 20:30:51) »
сакам да ви го претставам ова појачало што го имам изработено, а се надевам дека и некој друг ке го изработи  ;D. инаку појачалото е правено е според шемата за fender champ, али наместо 6в6 и ецц83 јас му ставив ел34 и ецц82  ;D ;D и вака супер е не го карам на многу јака волтажа B+ на ел34 е 250-260 зависи од мрежата  :) и да не заборавам шемата е од champ 5f1, исправувачката лампа е заменета со диоди заради финансии  :D. сега за сега сеуште е прототип  ;D  затоа давајте предлози како да го праам да си остане вака за гитара или да го праам стерео па по дома да си го слушам бидејки вака ми се свиѓа звукот чист е, што значи ке го биде за hifi, ;D. еве и неколку слики како тоа изгледа сега за сега, давајте предлози па ке видиме, кога ке биде готово во финална верзија ке има уште слики. :)

Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ECC82 има мало напонско засилување. Намерно е искористена ECC83 во оригиналниот проект. Не може да се преправи да биде Hi-Fi засилувач... односно може, ама многу работи ќе треба да се преправаат. Поедноставно е да направиш Hi-Fi засилувач по некоја друга шема со истите цевки кои ти се на располагање (ECC82 и EL34).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
абе за напонски засилувања не знам многу, али звукот е доста чист секако ако го пушташ со осет се што е над 90% од снагата е дисторзиран звук но сепак голем дел од дисторзијата е намалена бидејки ел34 ја карам на помал напон + не е наменетата за многу дисторзија. да беше пуш-пул ама да беше.. тогаш ке немаше дисотрзија... јас секако ке го користам овој дизајн само кажете дали да одам моно или стерео?
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Веќе ти пишав, преправки на овој засилувач треба многу за да може да биде Hi-Fi. Така да, подобро остави си го моно, само за гитара.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ако не се лажам лампашко појачало неможе да се класифицира како hi-fi уред зашто го изобличува вториот хармоник (или третиот беше???) а за hi-fi уред не треба да има никакво изобличување (уствари многу мало треба да е) или грешка сум???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
сосема си во право лампашките појачала имаат огромен степен на изобличување споредено со транзисторите.  истотака во вториот хармоник се изобличувањата.патем нема појачало без дисторзија само кај некој степенот е поголем кај некои е помал. ;)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
ако не се лажам лампашко појачало неможе да се класифицира како hi-fi уред зашто го изобличува вториот хармоник (или третиот беше???) а за hi-fi уред не треба да има никакво изобличување (уствари многу мало треба да е) или грешка сум???

Сите лампашки појачала осим оние у радијата се hi-fi,само зависи до која снага,некои се до 1W,некои до 10W,а некои преку 100W.
Ево измерени изобличења за лампашко појачало Sonic Frontiers Power 2:
Code: [Select]
http://www.stereophile.com/content/sonic-frontiers-power-2-power-amplifier-measurementsУкупно изобличење со сите хармоници и снага на 8 Ома звучник:
0,01% на 4W
0,03% на 10 W
0,06% на 55W
0,09% на 110W

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ако не се лажам лампашко појачало неможе да се класифицира како hi-fi уред зашто го изобличува вториот хармоник (или третиот беше???) а за hi-fi уред не треба да има никакво изобличување (уствари многу мало треба да е) или грешка сум???

Е како тогаш најценети (во определени кругови) Hi-End засилувачи се лампаши ;D? Остај ги тие дефиниции, оние кои ја купуваат таа опрема немаат опрема за да измерат, а оние кои имаат, не секогаш даваат точни информации ;D. Знаат дека определена група на аудиофили се „палат“ на ламби, ќе им пишеме тоа што сакаат да прочитаат ;).

Сите лампашки појачала осим оние у радијата се hi-fi,само зависи до која снага,некои се до 1W,некои до 10W,а некои преку 100W.
Ево измерени изобличења за лампашко појачало Sonic Frontiers Power 2:
Code: [Select]
http://www.stereophile.com/content/sonic-frontiers-power-2-power-amplifier-measurementsУкупно изобличење со сите хармоници и снага на 8 Ома звучник:
0,01% на 4W
0,03% на 10 W
0,06% на 55W
0,09% на 110W

Не верувам многу на мерења во списанија. Сакам да чујам, ако ми се допаѓа, како сака нека биде дефинирано ;D, нека не биде ни Hi-Fi, не ми е гајле ;D. Целата поента кај засилувачите и предзасилувачите со електронски цевки е да ги истакнат парните хармоници, особено вториот и четвртиот. Се разбира, ова се истакнува во опредлени „културни“ граници (а зависи и од преносните криви на искористената цевка), над определено ниво, веќе не е пријатно, само нервира. Така да, по самата идеја што сакаш да постигнеш со градење на засилувач или предзасилувач со електронски цевки, се гледа дека не можеме да заборуваме за „стриктно Hi-Fi“ уред. Сакаш да внесеш изобличување, а тоа не е идејата на Hi-Fi уредите ;).

Добро, секој си има право да си ги дефинира работите како сака. Според мене, засилувачите со електронски цевки, да, спаѓаат во Hi-Fi уреди, но во така... „малку полабава“ дефиниција ;) ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Не верувам многу на мерења во списанија.

Зашто не веруваш?
Си измерил изобличење на некое појачало,па не било исто со измереното изобличење на истото појачало у некое списание?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не, едноставно не верувам. Не ме прашувај зошто бидејќи пак ќе влеземе во дискусија во која не сакам да влегувам ;). А и темава не е за тоа ;). Како што пишав, сакам да чујам, ако ми се допаѓа, не ме интересира кои се мерењата ;).

Во секој случај, со среќа да си го користиш засилувачот MetallicA ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Појачало со лампи! (изработено)
« Reply #10 on 13.07.2013, Saturday, 17:42:06 (Edited 13.07.2013, Saturday, 17:46:02) »
Eве сега пак почнуваме! ОК тоа е твое мислење,ама постојат и други  мислења.Прво во такви часописи обично написите * се купуваат*.Производителот посредно или непосредно му плаќа на авторот на написот,Никој будала во такви часописи не пишува статии ,ако нема ќар.Второ,појачувачите кои таму се * обработуваат* се скапи * чудовишта*,а ако сретнеш некое евтинко,да знаеш дека не е тоа случајно избрано,ами е малку *фризнато* па дадено на мерење! Се десило неколку пати две серии од истите појачувачи ( марка,тип) да немаат исти печатени плочи ,деловите да се различни и тие да звучат поинаку.Не треба да мериш,само на уво да слушнеш и ке ти биде јасно! Е,сега едното е наменето за  UK ,а другото за * Западен Балкан*.Што мислиш кое е полошата варијанта??? Гига добро рече,не верувај во мерењата- прво битна е опремата со која се врсат мерењата,условите итд.Во домашни услови да мериш некое појачало за да споредиш со вредностите во часописот е смешно.Уште ако се поклопат вредностите... ;D ;D ;D ;D.И за линеарноста и хармониците се сложувам,не секогаш сакам линеарност,особено  ако звучникот не тежи за линеарност.

Споено мислење: 13.07.2013, Saturday, 17:46:02
ПС Металика,пофалби за тебе,направи си го батка за гитарче,една дисторзија и уживај!Ама немој сам да го слушаш! Гледај и некое женско металиче да собереш заедно да слушате

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Појачало со лампи! (изработено)
« Reply #11 on 13.07.2013, Saturday, 17:56:58 (Edited 13.07.2013, Saturday, 17:59:30) »
фала гига  ;D. деновиве ке видам кај некој тишлер да ми склепа некоја кутија за појачалото и за звучниците, па ако можам ке снимам некои клипче или само звук од појачало и ке ставам на форумов. ;D
истотака јас не верувам на мерењата бидејки можеби на мерењето ке покажува 0.01% изобличување ама на мене нема да ми се допаѓа звукот, значи се е како на нас лично ни се допаѓа звукот а не како на инструментот. патем јас планирам да му ставам pentode, triode switch за да можам да менам помегу линеарност и хармоници ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Појачало со лампи! (изработено)
« Reply #12 on 13.07.2013, Saturday, 19:46:43 (Edited 13.07.2013, Saturday, 19:48:28) »
Пентодата ќе внесе (до некаде) линеарност, ама и непарни хармоници :S. А тие се прилично непријатни за увото. Се разбира, зависи од конфигурацијата, работните точки, прави, итн. дали и колку ќе внесе непарни хармоници.

Сепак, не би ти препорачувал да ја менуваш моменталната конфигурација, но изборот е твој ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
ПС. фала батка, сега уште само да му направам еден реверб бидејки дисторзија има и самото кога го појачиш докрај  ;D. инаку кај нас тешко да најдеш некое женско што слуша метал ;D а истотака и претпостуавувам дека знаеш што слуша поголемиот дел од младината..

патем гига  сегашниот дизајн е со пентода јас велам да ставам еден двостепен тастер за да можам да си менам помегу пентода и триода т.е. кога кје свирам метал пентода, а кога ке свирам satriani или нешто друго што бара почист звук кје користам триода. ;) сепак ќе пробам ако не ми се допаѓа како звучи ке го вратам во оригиналниот дизајн.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Добро да, EL84 е излезна пентода. Мислев на предзасилувачкиот степен со ECC82. Таа да не ја менуваш. Но, како сакаш ;).