Инветорите, а и останатите напојувачки уреди, најчесто се дефинираат по моќноста која може да ја дадат на излезот, што значи дека ќе ги имаш сите 1500W на располагање. Е сега, ако е некој Кинески инвертор, подели ја таа моќност со 2 и не го оптеретувај повеќе од тоа (на пример, 1500W / 2 = 750W).
Околу полнењето на акумулаторот, ќе треба да си направиш посебен систем за полнење на акумулаторот (полнач) кој цело време ќе го полни. Освен тоа, најверојатно нема да може да го врзеш инверторот паралелно на останатата мрежа за напојување на уредите, туку ќе треба да ги напојува само фрижидерите.
Значи, всушност треба да ти биде врзан целиот систем на следниот начин: генератор <--> полнач за акумулатор <--> акумулатор <--> инвертор <--> фрижидери. Колку ти е ова исплатливо, не знам (според мене не е, бидејќи ќе треба да менуваш акумулатор на определен временски период... колку долг... не знам, тоа нека одговори некој кој знае повеќе за оваа проблематика, така да, и тоа можеш да го ставиш како додатен трошок).
Поедноставно е да провериш online дали може да се направи мек старт за фрижидери. Можеш да пробаш со посебни NTC отпорници, таканаречени inrush limiters. Ги има во компјутерски напојувања. Пробај со таков (како од компјутерско напојување), можеби ќе функционира (ако потрошувачката на фрижидерот не е поголема од 300, 400W). Единствен проблем е што греат и ако не се ладат, горат, така да, ќе треба да направиш и систем со кулерче или евентуално ќе треба да ги сместиш во самиот фрижидер. Ако фрижидерите се како оние „за сладолед“ (со вентилатори), можеш да го сместиш NTC отпорникот некаде во близина на вентилаторот за да го лади.