Од по одамна сакав да отворам ваква тема но еве дури сега дојде и редот
Па во оваа тема сакам да продискутираме околу вашите и туѓите искуства со македонските приватни фирми и работодавачи, како и
најгорливото прашање: работничките права.Сите ние знаеме дека генерално во мнозинството од приватни фирми нема работнички права туку има уцена и сила од типот: ако не ти се свиѓа ене ти ја вратата, а ако мораш да работиш ќе му потклекнеш на правилата кои ги наметнува самата фирма (газдата) а тие секогаш и секогаш се во негова полза а не во полза на вработениот па така во голем дел од приватните фирми:
- Се работи прекувремено (повеќе од 8 часа дневно) а некаде и по 12 часа! Сите знаеме дека ефективната концентрација е до кај 6тиот час а на 8миот час сме веќе уморни. НЕМА БОНУС како во културните фирми како на пример по 8миот час саатницата ти се вреднува х2 или х3. Уствари каков бонус какви бакрачи, нема ништо да ти платат за прекувременото работење.
- Се работи повеќе од 40 часа неделно, односно 48 часа (понеделник до недела... односно секоја сабота е работна) па во еден ден одмор дали попрво да се прошеташ, дали да се видиш со другарите, дали да најдеш женска, дали да се одмориш, дали да исчистиш по дома или да завршиш било која друга активност. Ако сакаш да отидеш на викенд на некоја планина или езеро па да преспиеш една вечер во хотел нема шанса или имаш фамилија, зајеби воспитање на децата, нека ги воспита улицата
- Работа на државни празници, нема никаков бонус за работа на празник.
- Нема пауза од 30 минути која ти е дадена со закон.
- Нема опрема за заштита при работа па така Бог нека ти е напомош!
- Најчесто нема годишен одмор од 21 работен ден, а во многу фирми нема никаков одмор туку идеш 10 дена на одмор ама за тоа колегата најебува и ринта како за двајцата, а потоа тој иде на одмор па ти ринташ како за двајцата без ден слободен. Нема слободни денови!
- Има случаеви каде ти даваат документ во кој пише дека си остварил работни патувања, престојувања по хотели, ресторани, и на крај на документот треба да се потпишеш (перење пари)
- Во приватните фирми често работиш како за тројца луѓе па се случува да не ни доручкуваш за време на работното време.
- Ти даваат бланко документи да потпишуваш кои потоа секако може да ги злоупотребат против тебе како на пример:
Обврзан си да работиш во фирмата 2 години а доколку дадеш отказ не смееш да работиш во конкурентска фирма најмалце 2 години, во спротивно должен си да ја обештетиш фирмата со _______ плати.... и ајде на крај стави потпис и после ако дадеш отказ и отидеш во конкурентска фирма во празната линија газдата ке си допише може 100 плати и ?!! Што правиш? Се бесиш, се труеш, играш руски рулет, се пијанчиш му се враќаш на газдата и го казнуваш? Дали ваквите договори се валидни и кога ке се видите со газдата на суд не знам. Можно е и да не се, туку се за заплашување на наивни луѓе кои освен работата не се запознаени со правото. Еј замислете дрскоста на некој работодавец да отиде до тој степен па да наведе во договорот дека сите од женски пол треба да му "дадат" на газдата
пред да ја напуштат фирмата. Нели ваквиот договор би бил невалиден
- Секогаш мора да си
потчинет према газдата, секако да трпиш и мобинзи, уцени, да те манипулира и убедува дека црното е бело и белото е црно.
- Платите се околу 200 евра (само за сметки) а поретко идат и до 250 евра. Исклучок се економистите, програмерите, електроничарите и сл. кои се платени и над 500 евра.. како и јас
- Држат непријавени работници и секако се дообро врзани со дел од инспекторите на УЈП кои не ѓи чачкаат!
- Нема постојано вработување, туку потпишуваш договор на секој 6 месеци. Пред секој 6ти месец се тресеш дали ке ти го продолжат договорот.
- Не можеш да земеш банкарски кредит бидејки имаш договор за работа на 6 месеци.
- Газдата е мисли оти тебе те створиле мама и тато, за него.... те образовале, те чувале, те направиле човек и го посветиле цел живот на тебе за да се "венчаш" со некоја си фирмичка и целосно се посветиш на истата и ке ги поминеш најубавите (млади) години од животот и ко ќе видиш поминале години години во работа а ништо не си направил. Секако пак истото правило од погоре, ако не ти одговара марш надвор!
- Знаеме дека ако си трудољубив, работлив (вреден) ефективен, и способен ама мирен никој нема да те примети ниту плата да ти покачи, а ако утнеш мааалце нешто одма ке ти се нафрлат како бесни џуќели. Од друга страна ако си улизувач (познато како гзолижач... со извинување) ако знаеш како да му се пикнеш под кожа на газдата (ај да не речам под маса) или ако си некоја атрактивна женска која е лесна.... не мора да ги имаш горенаведените карактеристики и тогаш имаш просперитет, сигурност и висока плата. Нај трагично е кога
доленаведениве се силат на горенаведените и им се прават Газди.
- Во огласите бараат луѓе со работно искуство од 1-2-5 години. Бреј мајката, па кој е тој што се родил со искуство. Јас како што знам и газдите го стекнале нивното искуство со работа во друга фирма, а пред тоа немале искуство туку само теоретско предзнаење или ни тоа.
Значи, не си идеш дома се додека има работа па макар и 18 часа работиш, а секако дека нонстоп има работа кога максимално се штеди на луѓе (и секако пари) Се бара брзина и ефикасност... епа брзина и квалитет не идат заедно бре газди ни едни! Те цедат како лимон и кога ке те исцедат те фрлаат у канта за ѓубре! Јасно ли ти е?! Зошто не сакаат да вработат некој кој има 40 години? Па тој човек е поискусен и по добар во работата од некое дете на 25-6 години. Ама оној од 40 години не може да го понижува, лаже, манипулира, уценува, да ринтачи како луд и да не му плаќа прекувремено.
Секоја чест на исклучоците и поштените човечни работодавачи.П.С.
Во овој пост ги разработив екстремните случаеви а не сите, немој сега некој будала да рече оти сум рекол дека сите фирми нечинат или сите овие карактеристики ги поседуваат работодавачите/фирмите! Е сега колкав процент се добри а колкав процент се лоши проценете сами.