Може да се најдат кај нас никси лампи, ама треба многу упорност и чекање да се појави некој стар уред, јас откако превртев дрво и камен успеав да најдам 5ком. извадени од стар мултиметар, за кој дознав после дека бил купен на бувљак, така да отварајте очи и уши и бидете стрпливи.
Околу нарачувањето од ибеј - не гледам зошто не би стигнале во МК, во краен случај и да не ти стигнат ќе си отвориш dispute и ќе ги добиеш парите назад, едино треба да се пази да не надмине вредноста на нарачката над 20-на $ па да плаќаш данок на неа или сл.
Иначе на бувљак имам најдено и VFD лампи, и тие се добар избор ако сакаш да правиш некој поатрактивен саат, а не им треба висок напон како на никсите, така што можеш со нив директно да ги замениш 7-сегментните LED дисплеи во било која шема, со многу мали преправки...