Да, 180W е преслабо, можда и ќе тргне на рамно, ама на угорница нема шанса. Ако сакаш ел.погон размислувај за друг мотор (или два), негде читав дека моторите што се за вентилаторите на ладилникот од опел астра, вектра или сл. се околу 500W, ама ќе ти треба редуктор за нив, или евентуално размислувај да преправиш некој алансер. Ако ти налета мотор од вилушкар или од оние количките што ги возат за голф, тие се идеални...
Како и да е, и јас мислам дека мотор од томос ти е најдобра опција, имаш се решено на готово, и менувач, и куплунг, само ќе го поврзеш со ланец на погонските тркала и тоа е тоа...