Ако не работиш со компоненти осетливи на статички електрицитет, нема никаква логика или потреба да ставаш метални алки околу раката (или друг дел на телото), а иначе колку и да се трудиш, не можеш да работиш само со една рака, па ако со другата фатиш таму кај што не треба, струјата ќе протече од неа кон заземјената, директно преку срцето и има многу поголеми шанси да те убие.
Не за џабе на секое работно место каде што се работи со струја прописите налагаат да се користи гумена подлога, чевли со гумени ѓонови и сл., за работникот максимално да се изолира од земјата - колку подобро си изолиран од земјиниот потенцијал, толку помала струја ќе протече низ твоето тело ако допреш нешто под напон.