Знам дека ова често го спомнувам во последно време (не е намерно
, едноставно такви беа кваровите во последниве неколку теми), но јас уште во старт би користел сигнал трасер. Не знам зошто воопшто си ги менувал сите интегрирани кола, немало потреба, само пари си фрлил. Најверојатно биле неисправни само едно или две... а може и ниедно, можеби проблемот е нешто сосема трето. Сега, можно е ти да си направил додатен проблем со прелемувањето и да треба и тој да го отклониш.
Совет за во иднина. Не е мајстор оној кој ќе смени се и ќе рече „го направив“. Тоа се фрлени пари за џабе. Ем муштеријата ќе го чини поскапо, ем тебе повеќе време ќе ти одзеде. И на крајот, како во конкретниов случај, можно е и повторно да не го направиш. Ова е оправдано, но во многу мал дел од случаите, да не речам, скоро никогаш.
Се анализира начинот на кој реагира уредот, и врз база на тоа, се донесува одлука во која „насока“ треба да се „движи“ испитувањето на уредот и кои инструменти и испитни средства да се користат. Со сигнал трасер, најверојатно ќе си го решел проблемот за едно попладне.
Е сега, сликај и post-ирај слики, да видиме тој EEPROM-от за што е одговорен... ако воопшто е EEPROM, не гледам некои дигитални функции на самиот миксер, така да, можно е и да не е EEPROM. А ако е EEPROM, мора да има некаков CPU во миксеров. EEPROM-от сам по себе не може да врши работа, му треба некоја компонента која ќе овозможи запишување и читање од него. Обични операциски засилувачи немаат таква функција.
Уште еден совет. Гледам се „бафташ“ со аудио опрема. Зар немаш сигнал трасер? Јас ни оддалеку толку многу не се занимавам со аудио опрема (порано малку повеќе, сега поретко), па имам направено сигнал трасер и верувај, во случаи како овој кој го опиша (а и некои слични), најмногу помага токму ова уредче. Често, не сум морал да користам и ниеден друг инструмент, освен него. Затоа, направи си еден, верувај, проблемите од овој тип ќе ги решаваш многу побрзо и многу поевтино.