Абе Даниел,никаква лоша намера немав ниту јас.Но.треба да седнеш неколку саата и да си ја прецрташ шемата од монтажната плоча ,па да бараш дали е точно нацртана.Јас лично немам толку време да посветам на некои за мене небитни (ама за тебе битни!) работи.Е сега кој е виновен или не е не е ни битно,веке кажавме дека Форумов е непрофитна организација,никој не работи на време и за пари,па некогаш ако два дена не се вклучам или не сум на Форум кога некој ме бара или има од мене потреба ,тоа е ствар на слободно време.Значи,прва одлика на Форумов е да поставиш кратко,прецизно прашање проследено со факти,слики,аргументи за да добиеш што побрз,поконкретен и конечно вистински одговор.И уште еднаш : во електрониката нема брзање,нема нестрпливост и брзоплетост.Тука највеке важи она - три пати мери,еднаш сечи! Ако не ти е нешто доволно јасно,почекај или прашај,па малку забави ,без нервоза,остави го уредот настрана некое време... На големите мајстори им се слушува да не можат со денови да го согледаат кварот,а потоа случајно или сонекоја небитна работа се да си дојде на место! Затоа,да бидеме малку мудри,а повеке стрпливи.