Можеби нема за голо око, ама ако е по пад настанат кваров, не верувам дека има друга причина поради која би се зезнал засилувачот.
Јас лично би ти препорачал да работиш со сигнал трасер и со електричната шема. Следи го патот на сигналот и види по која компонента сигналот го нема. Се разбира, на влезот на засилувачот носиш реален сигнал од MP3 плеер, CD плеер, PC... што и да е. Провери дали до компонентата доаѓа напојување. Ако доаѓа и напонот со кој се напојува компонентата е сличен на оној дефиниран во сервисната шема, ја менуваш компонентата. Ако не доаѓа напон до компонентата или е значително повисок или понизок од оној дефиниран во сервисната шема, го бараш проблемот во водовите за напојување на компонентата.
Можно е да имаш повеќе микро прекини кои не се видливи за голо око. Ми се има ова случено неколку пати и само со трпеливост и мерење и премерување може да се лоцира каде е проблемот на плочката (или можеби дали е напукната некоја компонента). До сега, немам чуено да се расипа STK од пад. Модуларни се, ама... не знам, некако не ми е логично.