Не е компатибилност. Овој проблем не е толку едноставен. Значи вака: Микроконтролерите имаат повеќе „периферни уреди“ вградени во нив како A/D конвертори, Компаратори, тајмери, PWM, бројачи и друго. Тебе проблемот ти е што микроконтролерот пред да ја почнеш главната програма мораш да го КОНФИГУРИРАШ. Ова значи: ако не ти требаат: A/D конвертори, Компаратори, тајмери, PWM, бројачи и друго треба да ги исклучиш со соодветните битови на соодветните регистри. Зошто е тоа потребно? Па на пример ако ти е вклучен Timer0 тогаш пинот на кој што е овој тајмер е влез секогаш иако си го наместил преку TRIS да биде излез! Значи мора да го прочиташ datasheet ДЕТАЛНО и да ги наместиш сите периферии на микроконтролерот онака како што ти требаат или не ти требаат (off). Е тоа ти е проблемот, се надевам дека ме разбра.