и сингл ендед може со 2 паралелни лампи.
Добро, мислев на push-pull изведба. А инаку, да, може да поставиш колку сакаш цевки во паралела
.
Како и да е, ако има една излезна цевка, single-ended е засилувачот
.
во datasheet за 6в6 пишува максимален аноден напон 250в а препорачано 315в а отпорникот е за да ја намулва струјата на ецц83 бидејќи таа работи на 260в.
Појасни те молам. Максимален работен напон на 6V6 е 250V, а препорачан е 315V
. Инаку, ако читаше од datasheet, тоа се дадени вредности за три различни анодни напони, три различни преднапони (bias) на гејтот и три различни вредности на напон на screen решетката. Значи, тоа не се максимални работни напони. Максималните работни напони, во тој datasheet кој барем јас го гледав, не се дадени, но може до некаде (врз база на логика) да се дознаат кои се. Еве U-I крива за цевката во која се дадени струите и напоните низ цевката за различни вредности на преднапонот на цевката.
Од сликата се гледа дека максималниот работен напон на цевката е некаде околу 500V, што е доста повисоко од 315V (скоро дупло повисоко). Во конкретниов случај, за цевката е важно да не ја надмине декларираната моќност на дисипација. Освен тоа, на шемата на Toma пишува дека напонот на напојување на 6V6 е 415V. Ти сам пиша дека шемата е иста со онаа која ти ја имаш дадено. И од каде сега добиваш дека напонот за напојување треба да биде 320V
. Знаеш дека со менување на напонот на напојување се менува и преднапонот за поларизација на гејтот, со што се менува работната точка и права на сите цевки? Во превод, ова значи дека нема да го добиеш она кое е опишано во шемата и звукот нема да биде ист со оној засилувач кој си сакал да го копираш.
јас не планирам да мењам лампи секој месец поради тоа што има висок напон.
Лампи нема да менуваш секој месец, не се секирај. Тоа се случува само кај оние „фризираните“ гитарски засилувачи со ламби каде им го зголемуваат напонот на напојување и им го зголемуваат предполаризациониот напон на гејтовите на цевките. Зошто? За да извлечат поголема моќност... со што се зголемува и дисторзијата, а се намалува векот на траење на цевките. Бидејќи ти планираш да го правиш оригиналниот проект на Fender, нема зошто да се грижиш за ова. Или, ако веќе толку се грижиш, намали го напонот на напојување (како што пиша), но не очекувај да добиеш ист звук.
и те молам разгледај ја шемата на тома и таа од мене да видиме дали ке најдеш разлика. ако не најдеш пробај со наочари ако и тоа не помага тогај искрено незнам.
Има разлика. Во шемата од Toma наведени се напоните за напојување на цевките. Во твојата не се и никаде ги нема водовите за напојување на цевките. Да не сакаш да ги post-ирам двете шеми една до друга па да ја забележиш разликата? Ако ти однапред знаеш колкави ќе бидат напоните за напојување на цевките, јас не знам. Инаку, да, ако не знаеше, врз база на нив се одредува колкави ќе бидат максималните работни на кондензаторите
. Затоа и се заинтересирав за напоните на напојување на цевките. Да, знам дека се високи, ама има огромна разлика од 100V висок напон до 300V или 500V.
Инаку, благодарам за предлогот, но веќе носам наочари и не ми треба појак диоптар (барем не сега за сега). Но очигледно ти не носиш, а ти требаат
.
иначе за тоа со латиницата исто ми се фака бидејки пола свет ја користи а демек ние некои патриоти, и пак ја користи пола форум.
Прво, ти дојде да бараш помош од нас (членовите на форумот), а правилата викаат дека треба да се пишува на Македонски јазик со кирилично писмо (Македонска поддршка). Така да, ако веќе си решил да бараш помош, ќе се придржуваш кон куќниот ред. Не не интересира дали половина или цела Македонија користи латинична поддршка, правилата тука се тие. Ако ти одговара, арно ако не, не мора да post-ираш на форумов... никој не фаќаме за гуша да биде член на форумов.
Второ, кој е тоа кој користи латинична поддршка на форумов цело време? Да, кога членовите пишуваат post-ови од tablet или мобилен, дозволено е да се користи латинична поддршка (ако детално си ги прочитал правилата, ќе го знаеше ова
), со тоа што на крајот од post-от пишуваат "od mob" или "od tablet", ништо повеќе од тоа, само колку да знаеме. Но освен во овие случаи, не допуштаме да се користи латинична поддршка на форумот и членовите кои не се придржуваат кон ова правило, редовно се опоменуваат и санкционираат.
Културно ти пишав да си го средиш претходниот post. Не го направи тоа. Згора на тоа, пиша друг. По втор пат ќе ти пишам, среди си го претходниот post.
btw јас побарав помош во врска со кондезаторите а вие дека ја откаравте.
Ти пишав кои информации се потребни за да може да се одредат максималните работни напони на кондензаторите. Ти пиша „планирам да го напојувам со напон од 320V“, а ставаш шема на која не е наведен напонот за напојување. Ова не се ниски напони од 20, 30, 40V, па и да згрешиме малку, да нема последици. Високи се напоните, автоматски и цените на компонентите се високи, а и грешките кои ќе се направат, може да бидат опасни по живот.
Мене најлесно ќе ми беше да пишам „стави секаде 400V-ни кондензатори и бркај работа
“. Ама пак на крајот тебе ќе те чинеше поскапо засилувачот.
И еве, штом викаш дека засилувачот од шемата на Toma и твојот се исти, прочитај си ги работните напони од неговата шема. Онаму каде е наведен и напонот, значи требаат високонапонски кондензатори, онаму каде нема наведено напони, значи може да поминеш и со некои кондензатори со работен напон до 100V.