да, лампашите имаат такви кондензатори..високонапонски, имам неколку дома, и неколку фрлив исушени. Само незнам дали во случајов за такви се работи.
Ако зборуваш за оние големине електролитски „бомби“... не користат такви само лампашите. Отвори било кој телевизор од 80-тите години, особено оние произведени во бивша Југославија, ќе најдеш барем еден таков во исправувачката секција
. Најчесто се изведени како 4 x XXXuF
. Само врзи ги во паралела, ќе работат и еквивалентната капацитивност треба да им биде 4 пати поголема од онаа на секој од излезите
. Најчесто оклопот им е негативен пол (на сите, заеднички), а во средината имаат по 4 изводи
. Во некои случаи може да се изведени и како 2 x XXXuF, каде што четирите изводи им се поделени на: еден за минус (заеднички), еден е N/C и два се за плусовите
. Имам видено и изведба каде четирите изводи се поделени на по еден минус и по еден плус на секој од кондензаторите во „бомбата“, но само еднаш... претпоставувам дека изведбата со заеднички минус е почеста
.
и јас то не сфатив...6V6 незнам, додека напонот висок на анода оди. А ecc83 работи со највисок напон од 250V. 6v6 со појќе од 300волти нема шанса да работи според мене.
Не знам, не сум разгледувал спецификации на 6V6. Мислам дека на ECC83 максимален работен напон и е 300V, ама не сум сигурен. По некоја логика, бидејќи 6V6 е излезна цевка, би требало да има поголем максимален работен напон... но, не можам да знам дур не видам datasheet
.
на крај краева прати гранки каде има повисок напон, не шкоди некој денар повеќе на “диелектрик“ за да си сигурен дека е над max напон
Па и ова не е баш најправилен начин, but hey, it'll get the job done
. За да ги добиеш правилните работни напони на кондензаторите од шемата (а со тоа, ќе знаеш и со колкави максимални работи напони треба да бидат оние кои ќе ги купиш
), треба да ја анализираш... поточно, да ја решиш. Треба во динамички режим да го решиш целиот засилувач, да видиш кои се минималните и максималните вредности на напоните кои ќе се јават на краевите на кондензаторите и врз база на тоа, да донесеш определена одлука за тоа кои ќе бидат максималните работни напони на кондензаторите. Но, ова одзема премногу време и (во принцип) го прави само дизајнерот на уредот. Во конкретниов случај, доволна ќе биде некоја бегла анализа
... народски кажано „од прилика“
.