Не директно од + вод.Треба да мери мирна струја на излезни транзистори.Веројатно е квази или комплементарен пар.Види,еден колектор треба да е врзан директно на + водот.Прекини ја ова врска и врзи милиамперметар ( унимер на подрачје мА- 100/200....).Потенциометарот на нула(краток спој) и без звучници врзани ( на нивно место врзи волтметар - друг унимер врзан како волтметар на пример 10V подрачјето ) .Првен пушти го напојувањето,види дали греат транзисторите и до која вредност оди милиамперметрот.Види,треба 20-40 мА треба да биде по едно 5-10 минути работа,значи да се загрее,а да не варира премногу струјата.Истовремено пази на волтажата која ке се појави на излез.Веројатно има и електролит на излез ( ако е еднострано напојување),а напонот треба да е *0* волти,во најдобар случај.
Споено мислење: 03.06.2013, Monday, 22:48:26
Потенциометар на нула -мислам влезот на појачувачот во краток спој !