Зошто плусот се заземјува???
За да фаќаат помалку прашина, а се намалува и ризикот од „префрлање“ према земја, бидејќи веќе е заземјен плусот
. Исто се прави и со напојувањето на DSLAM-овите кај ISP-њата, само што напонот на напојување на DSLAM-овите е 24V. Високиот напон привлекува прашина, а тие уреди не се наменети да се чистат секој ден. Треба, горе долу, да работат на принципот „монтирај и заборави“ (се разбира, ова не е баш вака, се сервисираат од време на време, ама по потреба, не редовно... барем колку што знам, не сум работел во некој мобилен опреатор, но така знам, дека се отвораат само ако има проблем или ако треба да се монтира нова опрема).
Постојат два типа,rooftop и greenfield базни станици.
Rooftop базните станици се дел од клеточната мрежа на мобилниот оператор. Greenfield станиците исто така се нарекуваат и „чадор клетки“ бидејќи треба да покријат многу поголем радиус од една клетка, па некако му доаѓа како „чадор“ над сите останати клетки. Чадор клетките најчесто се поставуваат во полиња (кои се во близина на автопати) бидејќи најчесто они ги покриваат корисниците кои извршуваат повик, а се во движење. Ако некој корисник е во движење, тоа значи дека сигналот за многу брзо време ќе се префрли во друга клетка (всушност, така клетките забележуваат дека корисникот е во движење, врз база на брзината на префрлување од една во друга клетка). Ова префрлање на сигналот од клетка на клетка се нарекува handover. Во втората генерација на GSM системот, handover-от беше „тврд“ (повикот наеднаш се префрлуваше од клетка на клетка), па затоа и често се случуваше да има изгубени повици (да се прекине повикот). Во 3G, handover-от е мек (паралелно двете клетки го опслужуваат корисникот се додека сигналот од клетката во која влегува корисникот не е доволно јак за да може сама да го опслужува корисникот). Сепак, ова префрлување од клетка во клетка кога корисникот е во движење е големо оптеретување за GSM мрежата, постојано треба да се координираат клетките една со друга, а ако се земе во предвид дека бројот на корисници кои обавуваат разговори од автомобил (или автобус, воз, што и да е) е се поголем (порано можеби не беше, ама во денешно време е прилично голем), следува дека овој начин на опслужување на корисниците е непрактичен и само одзема ресурси. Затоа, ако корисникот во текот на еден разговор смени повеќе од, на пример, 3 клетки, третата клетка автоматски јавува на системот дека корисникот е во движење и го препраќа повикот на чадор клетката.
Овие greenfield базни станици (клетки) не мора да се поставени во поле. Често се случува и во градска средина да има поставено вакви чадор клетки кои покриваат определен реон на корисници кои се во движење. Овие клетки најчесто зрачат појак сигнал и можат да опслужат помалку корисници во однос на обичните клетки, бидејќи, сепак, најголем дел од разговорите не се прават од автомобил (ако се земе во предвид дека сега може да те казнат за правење на муабет во кола
, бројот на повици опслужени од чадор клетките би требало да е намален
... по некоја логика
... ама знаејќи колку ние почитуваме закони, особено сообраќајни правила, можно е и да грешам
). Исто така, овие чадор клетки најчесто се поставени и повисоко во градските средини (а и во руралните).