Author Topic: Студиски втор пар монитори  (Read 6582 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Студиски втор пар монитори
« Reply #30 on 05.06.2013, Wednesday, 23:04:20 »
Gigawatt е сосема во право, многу од нејм звучниците ужасно се покажуваат на мерењата. И на фреквенциски спектар и на импулс. Ако бираме драјвери, нешто подобро во МК единствен избор е Visaton што и не е баш евтино. Јас ги имам искористено Visaton W130S, звучникот вреди за тие пари, ако не и повеке.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Студиски втор пар монитори
« Reply #31 on 06.06.2013, Thursday, 07:16:10 (Edited 06.06.2013, Thursday, 07:37:51) »
ако веќе сте решиле да правите звучници, купете некои помали или поевтини модели од бренд имиња, не мора да се прескапи, до кај 200 или 300 евра цена би била ОК, и модифицирајте ги тие, направете им поголема кутија (ако треба, а често треба, дизајнерите штедат на материјал за да се одржи цената на звучникот ниска), ставете друга свртница или модифицирана свртица, итн.
Затоа, купете си некој поевтин пар (на пример) B&W и модифицирајте ;)... врз база на податоци и мерења на драјверите, се разбира ;).

Се правиш попаметен од инжинерите од B&W?   :D   :D
Ако сте решиле да упропастите бренд неим звучник од 300 евра,направете баш како што ви кажува GigaWatt.

Абе,Маки,размисли малку.Гига добро кажа -  фирмите најмногу заштеда прават во свртниците- мали/никакви калемчиња,кондензатори од немај каде,отпори од 3W.... Штедат на се. Ако седнеш и да слушаш.не треба да мериш со скапи инструменти и незнам аналајзери... ке откриеш кај секој звучник некоја фалинка ( дупка) во звукот.Значи,земи еден медиум и слушај го малку подолго време на еден систем,па ке осетиш на друг како звучи  и што недостасува.Значи ,проста споредба.На многу фабрички звучници им фали уште по некоја нијанса за да бидат навистина добри.Затоа ,еве погледни по форумиве,многу батки си ги фризираат (читај -преправаат) оригиналните и скапо платени звучници.Некоја мода? Не - туку пракса-ако сакаш твоето уво да си слуша звук кој тебе ти се допаѓа,ке инвестираш нешто,ке преправиш најчесто свртница и ке слушаш.Што вели Гига-ако не те бендиса ,врати се на старо и крај!