Се правиш попаметен од инжинерите од B&W?
Ако сте решиле да упропастите бренд неим звучник од 300 евра,направете баш како што ви кажува GigaWatt.
Па мислам дека и Филевски пишуваше за ова. Не ме земај за збор, но мислам дека и во Емитер имаше преправка од страна на Филевски за некој бренд звучник... дали беше B&W или некој друг, не знам не ми текнува, ама знам дека на слики гледав продолжена кутија од некој... така, поскап звучник, образложението беше дека кутијата била премала, се кратело на материјал и морало толкава да се направи кутијата за да може звучникот да се продава за таа цена. Исто така, мислам дека на крајот и кутијата се преправи од бас-рефлекс во компресиона.
Како и да е, имам и online гледано преправки на бренд звучници со измерени параметри пред и по преправката... и, искрен да бидам, вака барем, на хартија (од измерените преправки), подобро изгледаа преправените отколку оригиналните звучници. Немам чуено, тоа да, ама па... што знам, не гледам причина да преправам ако веќе ми се допаѓал звукот и АФК-то на звучникот
. Очигледно, на оние кои преправале, не им се допаѓало едното или другото... а можеби и двете
.
Во секој случај, секогаш можеш да ја вратиш оригиналната кутија
. Не мора ни да се преправа оригиналната кутија, може само да ги земеш драјверите и да си направиш своја кутија, да ја преправиш свртницата (при што, запишуваш што оригинално имало во неа) и да видиш дали повеќе ќе ти се допаѓа преправката или оригиналната кутија
. Ако не ти се допаѓа, секогаш можеш да ги вратиш назад драјверите и оригиналната свртинца
.
Инаку, не, не се правам попаментен од инженерите на B&W, но точно знам која е капиталистичката логика на многу брендови
. Направи име, нека почнат сите да го купуваат, потоа, и sh*t кутија да направиш, ќе ти ја купуваат... само треба добро да ја изрекламираш
.