Author Topic: Зошто е потребно да се кодираат линковите  (Read 5110 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Зошто е потребно да се кодираат линковите
« Opened on 26.05.2013, Sunday, 06:45:24 (Edited 26.05.2013, Sunday, 16:38:24) »
Quote from: Zan
Во врска со линковите, може ли некој да објасни зошто мора да се кодираат?
Какви последици би имало врз работата на форумот доколку не се кодирани линковите?
Ова ме интересира откога се зачленив на форумов.

P.S. Избришете ја и мојава порака кога ќе ја средувате темата  :)

Quote from: MarkoMK
И јас истово го прашав неколку пати ама никој не ми објасни... ама си ги кодирам :)

Од следнава причина. Кога post-ирате некој линк во вашиот post, скриптата автоматски го детектира и го претвора во hyperlink (линк на кој се клика). За да го направи тоа, скриптата всушност го пишува следното:

Code: [Select]
ova:

http://www.mojotsajt.com/

preminuva vo ova:

[url=http://www.mojotsajt.com/]http://www.mojotsajt.com/[/url]

Е сега, „финтата“ е што двете вредности (во "url=" и во самите tag-ови) не мора да се еднакви. На пример, овие два hyperlink-а се разликуваат едни од други, иако скриптата исто ќе ги прикаже:

Code: [Select]
ovoj hyperlink:

[url=http://www.mojotsajt.com/]http://www.mojotsajt.com/[/url]

se razlikuva od ovoj hyperlink:

[url=http://www.nekojsajt.com/]http://www.mojotsajt.com/[/url]

Што всушност ова значи. Значи дека можно е определена адреса да се вметне во "url=" полето (која е всушност онаа адреса кон која води hyperlink-от), а сосема трета да се прикаже во самата скрипта (која е всушност онаа адреса која стои измеѓу url tag-овите). Кратко кажано:

Code: [Select]
vie mislite deka klikate na

http://www.mojotsajt.com/

a vsushnost klikate na:

http://www.nekojsajt.com/

Тоа е целата „финта“. Ова правило го имаат многу форуми токму поради phishing scams, mallware, како и лесно препознавање на ботови (правилото стои на форумот, членовите го почитуваат, така да, во принцип, лесно се препознаваат ботовите и phishing scam-овите поради тоа што они токму оваа „финта“ ја користат). Со кодирање, линковите се транспарентни, скриптата не ги конвертира автоматски во hyperlinks. Да, ова може да се изведе и на друг начин, со менување на "http" во "hxxp" или со додавање на ѕвездички, односно менување на "http" во "h**p", со што скриптата автоматски не го препознава линкот, но сметам дека е попрактично линкот едоставно да се стави во code tag-ови. Зошто? Имате само две операции кои треба да ги направите ако линкот е поставен во code tag: copy и paste. Ако имате линк кој не е ставен во code tag и има заменето букви од линкот (како во горните два примери) имате три операции: copy, paste и менување на знаците "xx" или "**" во "tt". Повеќе потези има, поедноставно е само да се кодираат линковите ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
GigaWatt, ти благодарам за деталното објаснување, точно тоа ме интересираше  :)
Ова или слично објаснување може да се постави како посебна тема во делот "За потенцијалните и новите членови", па секој да може да си прочита и да нема недоразбирања.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Поставено е ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."