Друже да ти кажам и јас размислував едно време на таа тема, ама обратно од тебе. Јас сакав да ставам исто така намотки (електромагнети) на вилушката и постојани магнети по бандашот, ама во одредено време да им давам импулс на електромагнетите и на тој начин да го вртат тркалото, со што би се добило електричен велосипед.
Ама за жал не е остварливо ни ова моево а ни твоето. Односно твоето може е остварливо ама струјата што ќе ја добиеш ќе биде мала, бидејќи кај мотори односно динамо-машини критично е растојанието помеѓу роторот и статорот, односно тие треба да бидат блиску и на константно растојание, што тешко може да се постигне, бидејќи бандашот е голем и не е до таа мера избалансиран за да можеш да ги доближиш магнетите доволно блиску каде би произведувале голема струја.
Нема потреба да го цитираш претходниот пост.