Author Topic: TV RF модулатор  (Read 5591 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 515
  • Gender: Male
Одг: TV RF модулатор
« Reply #15 on 02.06.2013, Sunday, 17:28:45 (Edited 02.06.2013, Sunday, 17:35:59) »
Измерено на самиот аналоген стелитски ресивер под напон !
Средниот извод modulator +5v и крајниот antenna passthrought +5v имаат идентично напојување +4.95v, и на самата плоча водовите се кратко споени, така да во мојот пример ке им дадам и на двата пина струја.

@batka
Ке пробам и само со напојување на средниот пин

поздрав и фала :)

едит:

@batka
Напојувачкиот дел да го направам идентично како во примерот што го имаш дадено „modulator2.gif“ ?

едит 2:

Инаку како за информација модулаторот е Wittis rf-s3605 :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Одг: TV RF модулатор
« Reply #16 on 02.06.2013, Sunday, 19:09:39 »
Види ,во овој случај нека останат врзани напоните,проблемот е да не ги згрешиш А/V и +/- за напојувањето

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12249
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: TV RF модулатор
« Reply #17 on 02.06.2013, Sunday, 19:10:01 »
Средниот извод modulator +5v и крајниот antenna passthrought +5v имаат идентично напојување +4.95v, и на самата плоча водовите се кратко споени, така да во мојот пример ке им дадам и на двата пина струја.

Можеш да провериш и дали интерно се краткоспоени откако ќе го одлемиш модулаторот од плочата ;). Едноставно стави го унимерот на beeper подрачје и допри ги двата пина. Ако beep-ка, значи и интерно се краткоспоени, па не мора да праќаш на двата изводи напон, само на едниот е доволно ;).

Напојувачкиот дел да го направам идентично како во примерот што го имаш дадено „modulator2.gif“ ?

Да, со таа разлика што јас би додал и еден керамички кондензатор со вредност од околу 100nF (може и помал) меѓу самите пинови за напојување, значи меѓу GND и Vcc=+5V. Овој кондензатор ќе го елиминира шумот кој можно е да се јави во каблите меѓу стабилизаторот и RF модулот ;). Стабилно напојување без шум е многу важно во RF техниката ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Одг: TV RF модулатор
« Reply #18 on 02.06.2013, Sunday, 19:12:24 »
Ако е така ,во VF техниката не се користат 100 NF  ами доволно е  5nF.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12249
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: TV RF модулатор
« Reply #19 on 02.06.2013, Sunday, 19:18:48 »
Ако е така ,во VF техниката не се користат 100 NF  ами доволно е  5nF.

Да, затоа пишав дека може и помал ;). Е сега, не сум до толку навлезен во RF техниката, така да, околу капацитивноста на кондензаторот малку нагаѓав ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 515
  • Gender: Male
Одг: TV RF модулатор
« Reply #20 on 02.06.2013, Sunday, 20:10:20 (Edited 20.08.2013, Tuesday, 22:44:52) »
На самиот влез постои 10uF електролит !
Дали треба електролитот да го заменам со керамички 5nF, или да го додадам керамичкиот во серија со постоечкиот 10uF електролит ?

И уште нешто :)

Колку може максимално струја да му дојде на влез на регулаторот 7805 ?

Фала :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5292
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: TV RF модулатор
« Reply #21 on 02.06.2013, Sunday, 20:37:33 »
тој кондензатор е од напојувањето, таман си е таму кај што стое, batka и Giga малку забегуваат со дискусиите :D

остајте вие сега VF и останато, држете се до ова тука што е :D

не му додавај никакви кондензатори убаво си е ова, инаку до кај 1А струја би можел да извадиш со тоа што треба да пазиш на температурата, зависно од тоа колкав влезен напон имаш може прилично да грее колото
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Одг: TV RF модулатор
« Reply #22 on 02.06.2013, Sunday, 21:45:14 »
Абе,направи ја по шемата и стави си ладилниче на 7805,макар што нема потреба,ама сигурно си е сигурно .И друга препорака-  ако можеш стави до модулаторот со напојувањето во метална кутија,заземји го ,а напојувањето однадвор може да биде и со адаптер.Е,сега ако на излезот врзеш некое линеарно појачалце ,може и безжичен да го направиш.Права ТВ станица ;D

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1446
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: TV RF модулатор
« Reply #23 on 02.06.2013, Sunday, 21:48:51 »
Quote from: krema
 Дали треба електролитот да го заменам со керамички 5nF, или да го додадам керамичкиот во серија со постоечкиот 10uF електролит ?
Можеш да додадеш кондензатор од 100nF ама паралелно на 10uF, но не сериски туку паралелно и тоа во зависност од изворот за напојување на влезот на 7805 и тоа пак во зависност дали тој напон е “филтриран“ и стабилизиран!
За ориентација RF модулаторот има потреба до 100mA во зависност од изведбата на истиот!
Quote from: krema
Колку може максимално струја да му дојде на влез на регулаторот 7805 ?
не е во прашање максимално струја туку максимален напон! и според мене од 8-12V (прав, исправен напон)!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 515
  • Gender: Male
Одг: TV RF модулатор
« Reply #24 on 02.06.2013, Sunday, 22:04:54 (Edited 02.06.2013, Sunday, 22:07:32) »
Toma , Devil,  Batka :)

Фала за советите, ке се придржувам по шемата па ке видам што ке добијам.

Инаку @Toma,
и јас мислев на паралелно врзување, ама ми се поткраднала грешка во изразувањето (наместо паралелно сум пишал сериски :(), така да ке пробам и со тој 100 nF и без него па ке тестирам.
За напонот на струја ( не ми замерувај пошто не сум добар со изразување на термини), мислев на тоа колку максимален напон може да претрпи 7805 ! Јас планирам да му дадам некаде до 12v напон :) - ке проверам сега во даташитот  ;D

@Batka, не те разбрав баш најдобро со следново:

И друга препорака-  ако можеш стави до модулаторот со напојувањето во метална кутија,заземји го ,а напојувањето однадвор може да биде и со адаптер.Е,сега ако на излезот врзеш некое линеарно појачалце ,може и безжичен да го направиш.Права ТВ станица ;D

Модулаторот е секако метално оклопен (планирам да го ставам во пластична кутија), а напојувањето ке биде надворешно (подалеку од модулаторот за да не му прави хармоници LoL - Почнав со стручни изрази :)

Поздрав и фала

едит:

имам 100nF керамички и блок ! Што да искористам ?  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Одг: TV RF модулатор
« Reply #25 on 02.06.2013, Sunday, 22:11:22 (Edited 02.06.2013, Sunday, 22:28:01) »
Ako e  модулаторот оклопен,заедно со стабилизаторот и кондензаторите стави го не во пластична ,ами метална кутија.Вододвите нека бидат пократки ,а се нека биде добро умасено.Тоа е услов да нема сметњи и се да си работи стабилно.Еве две шеми за она што го зборував- како да си направите своја ТВ станица па цела зграда или улица да гледа ТВ од кај вас.Добро е ако имате во куќата неколку ТВ .

Споено мислење: 02.06.2013, Sunday, 22:28:01
имам 100nF керамички и блок ! Што да искористам?
 
И  керамичкиот е блок кондензатор,ама овде  веројатно сакаш да направиш разлика меѓу керамички и стирофлекс.Стави било каков нема да има никаква разлика.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 515
  • Gender: Male
Одг: TV RF модулатор
« Reply #26 on 02.06.2013, Sunday, 23:24:36 »
фала Батка,

Се е јасно, утре се фрлам на работа

Поздрав

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6261
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: TV RF модулатор
« Reply #27 on 02.06.2013, Sunday, 23:56:23 »
Фала Батка за шемата за поврзување на модулаторот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1446
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: TV RF модулатор
« Reply #28 on 03.06.2013, Monday, 00:53:28 »
Мистер Бин е смешен и мал!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12249
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: TV RF модулатор
« Reply #29 on 03.06.2013, Monday, 01:34:32 »
имам 100nF керамички и блок ! Што да искористам ?  :)

Ќерамички би било подобро според мене ;).