Да момци, точно во 24.00ч на 31 мај терестријалниот сигнал онаков каков го знаеме оди во историја ,овој преод има третман на револуција исто како кога се преоѓаше од црно бела телевизија во боја.
Па, искрени да бидеме, тоа и не беше некоја голема револуција. Сите знаеме зошто е толку комплицирано кодирањето и мултиплексирањето на аналoгниот колор сигнал, за да може да остане компатибилен со старите црно бели аналогни приемници. Што, од аспект на backwards compatibility е одлична одлука... можеби не толку добра од технички аспект (само се искомплицираа работите).
Како и да е, при преминот од црно-бела аналогна телевизија на колор аналогна телевизија, никој не мораше да купува додатна опрема за да може да го гледа колор сигналот (сосема добро си работеа и црно-белите и колор телевизорите), а сега, мора да купам додатна опрема за да можам да го следам новиот дигитален сигнал... па и не само тоа, додатната опрема не е обичен DVBT рисивер, туку е рисивер на Boom TV... а зошто па да морам да купам рисивер на Boom TV? Ќе ми објасни некој? Зошто да не можам да го користам било кој DVBT рисивер за примање и декодирање на дигиталната телевизија? По некоја логика, ако станува збор за стандарден DVBT сигнал, би требало да можам со било кој DVBT рисивер да го примам сигналот, нели?
Не сум против напредок, но сум против купување на додатна опрема за следење на нешто што бесплатно се емитира. Можеше паралелно да се пренесува аналогниот и дигиталниот сигнал определено време, на пример 10-тина години, се додека не се „исчистат“ сите аналогни телевизори од домовите на корисниците.
И уште една работа која исто така ме нервира, морам да имам AV односно SCART приклучок на телевизорот за да можам да ги следам програмите... добро, не биваше производителите да направат еден RF излез, како што често имаа VHS плеерите и рикордерите, па да можам сигналот да го следам и на постари телевизори без AV или SCART приклучок
?
Кај дигиталната телевизија има еден недостаток, имено ако живеете во рурално подрачје каде сигналот е слаб нема да можете да ја гледате дигиталната телевизија или сликата ке пикселизира до толку да не можете ништо да видите, а кај аналогната телевизија и да е слаб сигналот нешто од нешто ке видите, ке чуете и ке разберете. Ама во денешно време се се гледа од економски аспект, на еден канал може да се сместат повеќе дигитални, помала потрошувачка на стрија, помали расходи... од друга страна ХД.
Токму така... а да не спомнуваме и frame freezing... па ќе ти се одмили гледање на телевизија. Мене лично ако ме прашувате, префрлањево од аналогна на дигитална е одличен начин луѓето од руралните средини да ги откажете од гледање телевизија
.
И имам уште едно прашање, кога веќе сме на темата околу тоа кој го предава дигиталниот сигнал. Кој всушност го предава дигиталниот сигнал на телевизиите? Boom TV? Само Boom TV има право да го предава тој сигнал? Предавателите се негови? Ако е ваква ситуацијава, значи Boom TV има целосна контрола врз сигналот, а не медиумите чии сигнали се предаваат
. Не знам за вас, ама ова мене ми изгледа на монополизација на пазарот и не гледам некоја придобивка од ова
.
IN GENERAL, ако сумираме се , во добар правец се движат работите , процесот на дигитализација во радио комуникациите е незапирлив.Во Јапан веке оперативно се постигнати брзини на мобилен интернет 250Mb/second, во динамички режим со двизење на возило со 100КМ/Ч
Зар навистина ќе ми треба да гледам телевизија додека возам? Не се смета ова за дистракција? Мој познаник го казнија за јадење во кола
... објаснувањето било дека јадењето претставува дистракција на возачот. Па во тој случај, јас не треба ништо да правам додека возам, ни да пушам цигара, ни да слушам музика, ни да правам муабет, а особено не да гледам телевизија
. Значи, всушност, со оваа „предност“, мене всушност ми се зголемуа ризикот за правење на сообраќајна несреќа
. Дури и јас да не сум оној кој гледа телевизија (на пример, сувозачот гледа телевизија), сепак, го слушам звукот, а и тоа е дистракција
, нели. Се гледа, могу арно ми мисли на мене дигиталнава телевизиска технологија
.