што кола е? Напонот и нема врска толку(бидејќи е до 15в мах) па некој стандард е 220в, така да нема да најдеш жица со напон до 15в, но моногу битна е амперажата. Кај мене во голфон има едни како нишки, низ нив си врви жицата, накнадно може да се уреди со изолирбан или пластични стеги или врфка од коноп(за разлика од пластичните поотпорни се на некои влијанија, ама имаат и недостатоци...) Добро е да ги групираш и подредиш жиците, да не ги наставуваш, и да ги мениш конекторите т.е. папучите(така ги викаат мислам) и жиците да се залемени за конекторите. Кај што врви поголема струја (сијалиците од фаровите на пример), 4-ка жица нема на одмет да ти е ни 6-ка... ако има греачи, минимум 6-ка, а добро е 8ца или 10-ка. Исто и кај моторот за парно и алтернаторот 6-ка или поголема. Зависи колата во каква кондиција е... Уште колку време ќе се вози, ако е за година-две да прокрпиш, можеш секако да комбинираш... ако е за подолгороча експлоатација би требало да е какао шт пишав. Пред некој ден менував маса од акумулатор на сузуки интрудер 1400цц3. Предходната беше поќумурена баш на споевите, а и внатрешно беше оксидирана. Сега нема никаков проблем, бидејќи на спојот со клемите е залемена и заштитена со изолирбан од надворешни влијанија. секако и клемите од акумулаторот предходно беа исчистени. Главните жици треба да се поголеми, т.е. да имаат поголем пресек. Зависно од тоа што кола е, одприлика се 20-30мм2.