Добро, да, не е баш најпрегледно ни вака... особено ако одговорот треба да биде само „Да“
. Но, од друга страна, мора па вака да се направи, ако одговорот се однесува на post од пред некоја страна од темата.
Како и да е, да, се сложувам со тоа дека корисниците треба да се научат да го цитираат само оној дел на кој се однесува одговорот бидејќи, на големи post-ови, само збунуваат километарски цитати, а тоа лесно се прави со бришење на определен текст од цитатот. Е сега, дали ќе сакаат корисниците да го почитуваат овој „критериум“ за читкост на post-овите, тоа е сосема друго прашање. Ние можеме да „брбљаме“ до задутре, ама додека сами не решат, ние не можеме секој post да го преправаме... веќе го правиме тоа за сликите на форумот (а веќе и ретко опоменуваме, видовме дека нема поента, џабе опоменуваме, корисниците пак си тераат по свое
), не можеме се да преправаме и да бидеме секаде во секое време.