Новиве коли имаат сличен кондензатор, бидејќи имаат старт-стоп систем- на семафори сама се гаси и пали колата да не троши бернзин, при тоа за да не го арчи акумулаторот има систем за поддршка на акумулаторот чиј главен дел се кондензатори. Добри се во комбинација со систем кој триењето од кочниците го претвара во ел.енергија. Во овој контекст, кондензаторите се добри бидејќи може да консумираат т.е. складираат голема количина ел.енергија за кратко време, притоа помагајќи ми и на системот за запирање на возилото. Акумулаторите се предвидени да ја стартуваат колата околу 4к пати, па кондензаторите делумно ја превземаат таа улога, и бројот на палења драстично се зголемува. Кондензаторите можат да ја заверглаат колата околу 3-4 пати во просечни услови(земајќи и зима) инаку може и 10-тина пати ако е загреана... Точно е тоа што го кажа батка, потполно се согласувам со него- акумулаторите се сеуште незаменливи барем со кондензатори. Малце е оф топик, ама дека се спомна ваква примена на кондензаторите мислам дека постов е од општ интерес на членовите...