Electrical Calculator 3.0 е корисно програмче со кое може да вршат пресметки поврзани со трансформатори. На пример, ако го знаете примарниот напон и моќноста на јадрото, програмчево може да пресмета колкава смее да биде максималната струја која континуирано може да тече низ намотката. Истото може да го направи и за секундарната намотка. Прикажува и колкава би била струјата низ примарната и секундарната намотка, доколку уредот повлече за 25% повеќе струја од максимално дозволената струја низ примарната или секундарната намотка (односно, доколку уредот повлече „125% струја“). Оваа вредност може да се менува и програмата може да прикаже која е вредноста на струјата поголема за 25%, 50%, 67%, 100%, 200% и 300% од максимално дозволената струја низ јадрото (односно, вредноста ја прикажува како 125%, 150%, 167%, 200%, 300% и 400%). Пресметките може да се извршуваат за монофазни и трофазни трансформатори. Уште една корисна функција е пресметката на short circuit current на секундарната намотка, односно програмчето пресметува колкава би била струјата на куса врска на секундарната намотка за дадени параметри на примарната и секундраната намотка (струја, напон, моќност на јадро). Вредностите во полињата за напон, струја и моќност на јадро се менуваат при секоја промена на еден од параметрите, така да, ако знаете само два параметри, програмчево може да ви го пресмета третиот
.
download link:
http://bitupload.com/file/p/id/p17r28def5harckb1dfm11pbmjg5
permanent mirrors:
https://www.box.com/s/hspaqtc2vd6ffqxbyy3d
https://www.megacloud.com/s/f6CBBiRxnYe/EC30.rar