Па ти што ми ја прати шемата стави потенциометар 47К и отпорници 4К7. Треба ли 47К да бидат отпорниците?
Па ти пишав дека не треба да влијае врз квалитетот. И да, не би требало да влијае... освен ако немаш поставено стари или шкарт потенциометри. Ти имаш проблем со нееднаква јачина на сигналот? Попушташ или намалуваш Volume и наеднаш преминува од многу тивко на многу гласно или обратно?
На крајот на краиштата, не очекувај премногу од овој засилувач, вакви засилувачи се поставуваат во оние малечкине компјутерски звучничиња, а тие во никој случај не влегуваат во класта на Hi-Fi уреди. Може да добиеш некој „пристоен“ звук од мобилниот телефон, но не очекувај чуда. А тоа дали ќе биде звукот квалитетен или не, не зависи само од од засилувачот, зависи и од D/A конверторот во самиот мобилен телефон (односно, во самиот SoC). Дали е добро изведен D/A конверторот во мобилниот телефон или не, лесно можеш да установиш. Поврзи го телефонот со некој добар аудио засилувач (тука не спаѓаат 2.0 компјутерските звучничиња). Ако звукот добро се слуша (како за репер, можеш да ја пуштиш истата песна што свири од телефонот и на PC), значи ОК е излезниот сигнал, излезниот аудио степен од телефонот и D/A конверторот се добро изведени
. Ако не звучи добро, не можеш да очекуваш овој мал засилувач да „оправи“ се што зезнува телефонот. Како и секој засилувач, може само да го оштети сигналот, но не и да го „оправи“.
Ако имаш проблеми со Volume контролата (како што претходно пишав), пробај замени ги потенциометрите со помали, на пример, со потенциометри со вредност 10K
.