Не знам што толку се збуни, еден куп примери ти дадовме како да се врзе потенциометар на други интегрирани засилувачи, принципот е ист, средниот извод оди на Input на интегрираниот засилувач, едниот од крајните оди на GND, другиот оди на Input на сигналот.
Да, ќе ти сврши работа и потенциометар од 100K, само што ќе треба R1 и R2 да ги зголемиш. Најдобро е ако можеш да ги направиш еднакви на вредноста на потенциометарот кој ќе го ставаш. Резултатите би требало да бидат најдобри со потенциометар со вредност од околу 10K... може и поголема, ама 100K е малку преголема.