Го направив моно засилувачот со TDA7052. Работи ама не вади звук со добар квалитет. Сега би сакал шемата со TDA7053 да ја направам.
Ти реков да направиш стерео изведба
. Сигурно подобар звук ќе даваше.
Инаку, колото TDA7053 е всушност исто со TDA7052, само што во TDA7053 има две TDA7052 ставени во едно куќиште. Врзи го TDA7052 да работи во моно варијанта (само еден канал, L или R) и види дали ќе ти се допаѓа звукот. Ако ти се допаѓа, прави го засилувачот со TDA7053, ако не, воопшто не го прави, звукот ќе биде ист како и со TDA7052, само што ќе звучи малку појако.
Ако не успееш да го најдеш TDA7053 по продавнициве низ Македонија, направи два моно засилувачи со TDA7052 и тоа е тоа, истото ќе го добиеш.
Па дали треба после потенциометарот да ставам кондензатор и отпорник како на шемата со TDA7052. Доколку треба да се стави, кои би биле вредностите?
Многу шеми има, прецизирај која (стави слика).