Сакам да направан нешто слично на ова но да ги нема копчињата за пауза и премотување, да нема USB и SD слот, ама да има посебни потенциометри за јачината на звукот за Line и посебно за микрофонот и сигналот од двада влеза да се слуша истовремено.
Ова е малку тешко изводливо ако станува збор за DIY уред. Не ми е јасно зошто имаш потреба од микрофонски влез, но ако планираш да го правиш уредот како што си го замислил, StefanJapanac е во право и ќе ти треба и еден миксер, а околу засилувачите, можно е да „поминеш“ и со еден, но ќе ти треба и delay circuit за „конверзија од стерео во моно“, што значи додатна електроника и додатно трошење на стуја, а ако целиот склоп се напојува од батерија (претпоставувам обична 9V-на батерија), тоа ќе значи и додатно трошење на батеријата.
Ако сакаш да направиш само засилувач (моно или стерео), разгледај ја оваа тема
.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6351.0
Изостави го грецот, трансформаторот, кондензаторот C3, кондензаторот C2, стабилизаторот IC1 и диодите D1 и D2
.