Author Topic: Кинески лемни станици  (Read 10861 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #150 on 05.02.2019, Tuesday, 17:53:00 »
Ти текнува што зборевме за рутерчето дома што ми е, конечно му сменив електролити, ама прво мораше да го греам местото со топол воздух, иначе џабе и на 450С да ти е подесен леткумот, попрво водот или via-та ќе изгорат и ќе се одлепат него ли што ќе се откачи ноџето од масата... ;D

Зависи како е изведена плочката и колку слоја е. Генерално земено, не сакам да користам дувалка, освен ако не морам. Зошто? Не ми се случува често, ама сум знаел да издувам компонента со неа. Не ја ставам јако да дува, на минимум (скоро секогаш и ми е поставена во таа позиција), ама ете... кај оние најминијатурнине SMD отпорничиња и кондензаторчиња, се случува и со најмал проток да дувнеш некое :-\. Затоа и избегнувам да ја користам кога менувам компонети со два изводи. Ако менувам нешто со три па нагоре изводи, да, најчесто користам дувалка бидејќи не сакам да ризикувам да ја оштетам компонентата.

Е сега, како што рече, ако гледам дека полесно ќе ги извадам со предгреење или ако видам дека нема друг начин, освен со предгреење, да, ќе ја искористам дувалката и тогаш леткумот не мора да биде подесен на многу висока температура... но, да бидам искрен, гледа да ги избегнувам овие процедури. Не поради друго, немам време... ако фатам секоја плочка така да ја тинтрам, кај ќе ми е крајот. Искрено, дури и ако е нешто за мене или за близок престанав така да правам... да „тинтрам“ уреди. Ако проработи, арно, ако не, ајт... Кинезиве веќе се за џабе прават, за 80% од тие работи не се ни исплати да се поправаат. „Ама многу скапо го платив на времето“... знам, јасно ми е, ама сега е ЏАБЕ... дел од луѓево уште не го разбираат тоа.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2814
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Кинески лемни станици
« Reply #151 on 05.02.2019, Tuesday, 18:03:55 »
За предгреење обично на 200С ми е подесена дувалката, да не може да го топи калајот, само да ја загрее плочката... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 362
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #152 on 05.02.2019, Tuesday, 21:45:53 »
Се зависи каков е квалитетот на врвовите, btw ако знаете од кој продавач можат да се набават квалитетни врвови (за хако 936 рачка) не е на одмет и еден линк овде да се појави. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #153 on 05.02.2019, Tuesday, 23:17:53 »
Јас моите ги купив уште пред околу две години, 10 парчиња, 900M-T-I.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?msg=120856
Барај ги така. Сите се скоро исти, солиден квалитет, немам начекано некој да се пожали од купени врвови од Кинезиве, освен од оние кои стигаат заедно со рачките, тие се ѓубре, ама за $2.5, $3 по рачка, разбирливо е :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 25
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #154 on 20.03.2019, Wednesday, 14:52:55 (Edited 21.03.2019, Thursday, 06:53:30) »
Дечки, да ве прашам дали некој има искуство со станициве на топол воздух од Алфа во Битола или ваше мислење за истите (од око).

Конкретно, зборувам за

Code: [Select]
http://alfaelektronik.mk/store/products/view.php?product_id=18358&category_id=111&category_on=Letkumi

и

Code: [Select]
http://alfaelektronik.mk/store/products/view.php?product_id=18357&category_id=111&category_on=Letkumi

Дали има функционална предност првата (дигиталната) наспроти втората, или оваа предност е само естетска?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #155 on 21.03.2019, Thursday, 07:20:03 »
Дали има функционална предност првата (дигиталната) наспроти втората, или оваа предност е само естетска?

Можно е втората да не е со микроконтролер, но не може да се каже додека не се отвори.

Во секој случај, не би земал дувалка со LCD екран од причината наведена во овој post.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?msg=124837
Ако можеш да почекаш, ваква би ти препорачал да си земеш.

Code: [Select]
http://www.megamobil.com.mk/duvalka-so-letkum-bk-852d

Пишав да почекаш бидејќи моментално ги немаат на лагер во Мегамобил, но од извори блиски до Мегамобил (;D), добив информација дека за кратко време (месец, два можеби) ќе направат нарачка и ќе стигнат ;). Моментално се во процес на селење и средување на сајтот и многу од опремата наведена на сајтот, ја немаат на лагер... или не знаат каде им е, дали е на новата локација, дали на старата :-\. Така да, можно е и да ја имаат на лагер, ама да не можат да ја најдат ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 25
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #156 on 25.03.2019, Monday, 22:01:02 »
Ти благодарам Гига, верувам во твоето расудување. Како би знаел кога би добиле залиха Мегамобил? Мене ми треба што побргу, но 1 месец мислам дека може да се почека.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #157 on 26.03.2019, Tuesday, 07:42:19 »
Искрено, не :-\. И јас сакав да купам ваква, ама баш го прашав „изворов“, ми рече дека во хаос се поради селењево, така да, не знаат кога што би стигнало. Претпоставувам бидејќи во слаба комуникација се со доставувачите бидејќи се селат, нели. Инаку, ми рече дека тоа што е побарано од муштерии е веќе нарачано, така да, изгледа само прашање е на време што кога ќе стигне.

Мене не ми е проблем, јас можам да почекам и месец, два, па и три. Ама ако ти е проблем, пиши, ќе видиме што друго можно е да има на избор... во БТ исто така имаат вакви (или слични, двојни лемни станици, само со LED дисплеи). И кај нив немаше околу нова година, ама можно е сега да имаат добиено, не е лошо да провериш ако ти е итно ;).