Author Topic: Кинески лемни станици  (Read 89313 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #75 on 07.09.2018, Friday, 11:32:58 »
Хммм, не знам, не би ризикувал со 24v ради грејачот (колку максимално може да трпи температура грејачот).

Може може ;), до 500 и кусур го имам терано на вариак, така работеше повеќе од 3 часа ;D.

Баш денес мерев колку ампери влече.
При уклучување на лемната станица (ладна) повлекува околу 4А, и како качува температура рачката така паѓа амперажата.
Кога ќе дојде до максимум пред да исклучи грејачот, амперажата е околу 2 и цело време надогревањето е со околу 2А. :)

Така, значи генерално земено треба полначот да може да даде барем 4A ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #76 on 07.09.2018, Friday, 11:57:47 »
Quote
генерално земено треба полначот да може да даде барем 4A
Да да, минимун 4А и ќе возе без проблем. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #77 on 07.09.2018, Friday, 11:59:33 »
Малку тешко се наоѓаат толку моќни полначи, треба да биде од некој релативно моќен лаптоп... повеќето одат до максимум 3.5A.

Во секој случај, добро е да се знае ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #78 on 07.09.2018, Friday, 12:15:52 »
Можеби треба да пробам со 3А полнач дали ќе го крепи (а ќе пробам) :), инаку пробав со 19v 2,1A од мини лаптоп 10"  не пројде, вероватно се уклучува заштита на самото напојување.
Во секој случај мене ми прави мерак оваа шема за лемна станица. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #79 on 07.09.2018, Friday, 13:52:48 »
Можно е да работи и со полнач со максимална струја од 3A, ама не верувам дека ќе постигне толку висока температура.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #80 on 07.09.2018, Friday, 18:57:35 »
Денес ја тестирав лемната станица со адаптер од постар лаптоп Compaq Presario 19v 3.16A.
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10728.msg124392#msg124392Работи без проблем, но загревањето е поспоро, од ладна рачка до максимална температура времетраењето е околу 1 минута и 55 секунди што е за цели 30 секунди побавно од претходното тестирање со адаптер од 20v и 4,5А. Догревањето е за нијанса со поголеми интервали на уклучено греење а тоа се должи вероватно заради помалата ампеража на овој адаптер.
Мерењето на температура пак изненади, максимално качи околу 440 до 450 степени, што е прилично добро и со ваков адаптер а тоа значи дека ќе работи добро и со овoj адаптер но иницијалното загревање ќе биде малку поспоро што е и на некој начин занемaрливо. :)
Пак ќе сумирам, после сите овие тестови што ги направив, едноставната шема за рачка со термопар А1321 е повеќе од одлична и може да се изработи за многу малку пари или ако сте електроничари деловите ги имате дома па изработката ќе чини „0“ денари. :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #81 on 09.09.2018, Sunday, 13:07:43 »
Догревањето е за нијанса со поголеми интервали на уклучено греење а тоа се должи вероватно заради помалата ампеража на овој адаптер.

Да, но и понискиот напон ;).

Мерењето на температура пак изненади, максимално качи околу 440 до 450 степени, што е прилично добро и со ваков адаптер а тоа значи дека ќе работи добро и со овoj адаптер но иницијалното загревање ќе биде малку поспоро што е и на некој начин занемaрливо. :)

Хммм... интересно. Значи сепак ќе се исплати да се прави и со некој „по нормален“ полнач за лаптоп ;)... само не со оние за notebooks :D.

Пак ќе сумирам, после сите овие тестови што ги направив, едноставната шема за рачка со термопар А1321 е повеќе од одлична и може да се изработи за многу малку пари или ако сте електроничари деловите ги имате дома па изработката ќе чини „0“ денари. :D

Дефинитивно ;). Во денешно време, тешко е да се најде адекватен трансформатор за ваква лемна станица. Полначи за лаптопи скоро сите имаат по дома, барем еден, од некој претходно зезнат лаптоп ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #82 on 04.10.2018, Thursday, 03:32:26 »
не можам да го најдам постот, некој даде предлог за станица за лекум и топол боздух, ама која... Или предлог до кај 60eu. Рачката по можност со вентилатор, не со компресор.
А да, и дали се испалќа да се склопува т..е да се нарачаат само плочки, па кутија + напојување+рачки накнадно или не се испаќа ?
и предлог од кај да се купи, али, ибеј бт, мегамобил...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #83 on 04.10.2018, Thursday, 16:45:40 »
Кај нас не знам колку се продаваат тие со лулери... мислам дека видов само во Мегамобил да се продаваат со кулер рачки, во другите продавници мислам дека има само со компресор.

А зошто не земеш со компресор ???. Поради цената? Инаку, подобри се тие со компресорче, барем од она што имам читано online.

Не знам која цена се тие SMD лемни станици со кулер кај нас, ама online нема да најдеш под 50 долари, така да, горе долу, исто ти се фаќа. Ако најдеш некој да продава за под 40 долари, fake seller е, 100%. Еве колку чини само SMD дувалка (контрола, рачка, се комплет).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/283101305157

Центите ќе бидат тука некаде, ако не е 37 долари, ќе биде 32, 33, 34 на други сајтови.

На делови не се исплати да се купува, поскапо излегува. Само рачката со кулер е околу 10 долари... а мислам и дека електрониките за контрола на SMD дувалката беа прилично скапи (само електрониката).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #84 on 04.10.2018, Thursday, 20:14:08 (Edited 04.10.2018, Thursday, 22:56:09) »
ради одржавање и количина на воздуг. Фен со контрола гледав испод 50 усд, па се мислев дали да земам башка фен башка лемилица или 2 во 1. Рачка со дисплеј е испод 20 евра, така да се на се 70$ макс.
Компресорот по не се валкат, ама ако се расипе потешко се наоѓаат делови
Е вака мислев ова

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/372296019125
или ова

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/202172867076
плус ова

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/282956965374

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #85 on 04.10.2018, Thursday, 23:02:14 »
Компресорот по не се валкат, ама ако се расипе потешко се наоѓаат делови

Епа, искрено, на тоа и мислев ;). Помалку прашина собираат (ако воопшто собираат... никогаш не сум го исчистил компресорот).

Ако сакаш да почекаш, имам нарачно SMD лемна станица како на вториот линк, чекам да стигне, ќе пишам каква е ;). Таа на првиот линк изгледа поквалитетна како изведба, ама е и скоро дупло поскапа :S.

А за последниот линк, не би земал таквно нешто... генерално земено тоа воопшто не е ни лемна станица, тоа е само леткум со димер. Барем за нив плочки има, се продаваат и евтини се, земи си една плочка и две, три рачки и терај ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #86 on 04.10.2018, Thursday, 23:31:04 »
Зш не би зел како последното?
што да нарачам?
Се мислев за контрола + рачка ама некако не ми испаѓа математиката. Ми треба плочка со лед, + плочка за контрола+напојување+кутија... поарно станица комплет. Инаку, да ќе почекам пред да стегнам бај :)
p.s.
За „фен“ не ни имам представа колку вати треба да е ова она...
Компресорот не знам дали има филтер, ако има пеки, ќе тера долго и добро, но ако зема директно воздух или ќе треба да се чисти или ќе заглави, мислам дека се со мембрана односно слично како звучни. Може и сам се тресе од прашина.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #87 on 05.10.2018, Friday, 01:25:21 »
Зш не би зел како последното?
што да нарачам?
Се мислев за контрола + рачка ама некако не ми испаѓа математиката. Ми треба плочка со лед, + плочка за контрола+напојување+кутија... поарно станица комплет. Инаку, да ќе почекам пред да стегнам бај :)

Бидејќи последното што го имаш ставено е леткум со контрола од триак.

Чекај малку, сега видов, не е баш само леткум со контрола на триак, има и некој дисплеј... хммм, можно е да е контрола, ама со термопар и микроконтролер, така да, има feedback... damn it, ми ја украле идејата :P (да бидам искрен, имав ваква идеја).

Добро, без разлика, да, изгледа има feedback и температурна контрола, ама тоа не го менува фактот дека работи на мрежен напон и дека не е пожелно со ваква работа да одлемуваш компоненти... особено не дигитални. Би јас користел и јас, ама само како транспортен леткум, само ако нема што друго да користам, ама не и за по дома. Ако ти е за дома, еве ти линк од контрола за лемна станица и рачки со грејни тела ;). Ќе треба да си купиш и врвови бидејќи тој кој стига со рачките е колку да не да стои греачот гол ::). По нив имаш и линк за врвовите, нарачај си 5 комада, нема да зажалиш, други врвови нема да користиш, ќе видиш ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/262617975859

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/142656650165

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/122896366323

На крај само треба да најдеш и некој адекватен трансформатор и кутија и да ги склопиш, толку ;).

За „фен“ не ни имам представа колку вати треба да е ова она...
Компресорот не знам дали има филтер, ако има пеки, ќе тера долго и добро, но ако зема директно воздух или ќе треба да се чисти или ќе заглави, мислам дека се со мембрана односно слично како звучни. Може и сам се тресе од прашина.

SMD феновите се од 500 до 700W. Оние класичните, со пумпа, се околу 700W, овие со кулери се движат од 450 до 600W колку што имам гледано, со максимална температура од 450 до 480 степени. Генерално земено, се од 500 до 700W ќе ти заврши работа ;).

Ни компресорот ни таа со кулер нема никаков филтер. Предноста на таа со компресор е тоа што компресорот е во кутијата и малку тешко влегува прашина во неа, тоа е се... а освен тоа, дури и ако влезе прашина во компресорот, само ќе го издува надвор низ лемната станица. Тие со кулер нема така да направат, тие ќе си лепат прашина на кулерот. Која е причината, зошто едниот принцип на работа не собира прашина, а другиот собира, не знам... можеби некој со поголемо познавање на физика ќе може да објасни :P... само знам дека кулери собираат многу прашина... можеби може да ги направам вечни, ама не можам да ги направам да не собираат прашина :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #88 on 05.10.2018, Friday, 02:46:19 »
5 комада за 80 денари ок се ? :D чудо се кинезиве :)
него нема некои со дисплеј со бројки, поегзотични се, а гледам другото скоро све е исто.
ме кандиса за компресор. предлог ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #89 on 05.10.2018, Friday, 03:32:07 »
5 комада за 80 денари ок се ? :D чудо се кинезиве :)

Јас земав 10 комада пред година, две... уште го трошам вториот врв :D.

него нема некои со дисплеј со бројки, поегзотични се, а гледам другото скоро све е исто.

Имаше некои дигитални... дали беа со микроконтролер ???... не ми текнува сега, ако сакаш ќе побарам, ќе најдам ;).

Ама и оваа брка работа, верувај за цената се исплати, немам дома ниедна дигитална, сите ми се со аналоген приказ, па поголема прецизност од 10-20 степени никогаш не ми требала :D. Не дека тие дигиталните беа изгор, ај нека беа до дупло поскапи, ама не гледам поента да купувам таква ако и оваа врши работа.

Освен тоа, овие плочки што ти ги дадов на линкот се со обични through hole компоненти и лесни се за преправки, бидејќи не знаеш какви рачки ќе ти стигнат (krema го имаше тој проблем, едни се со термопар, други се со PTC или NTC, не ми текнува сега, мислам дека беше PTC), така да, не мора да се гњавиш со менување на SMD делови ако случајно ти стигнат рачки од оние со PTC отпорник (по default се подесени да работат со термопар, но има ознаки кои компоненти треба да се сменат и со кои вредности ако е греачот со PTC отпорник).

ме кандиса за компресор. предлог ?

Имаш во BT комбинирани, лемна станица со SMD дувалка, околу 7000 илјади се (за попуст, се знае, на лице место си прашуваш „за колку може да ја дадеш“ :P), а толку се и ако ги купиш online, цената е таа. Не се џабе, ама јас мислам дека се исплати, споредувајќи цени со други brand name SMD дувалки. Не знам дали има сеуште само дувалки, прашај ;).