Оваа тема ја отварам за да споделиме искуства околу кинеските лемни станици, кои брендови може да се најдат на нашиот пазар, која каков квалитет е, дали вреди за парите и дали може да се подобри.
Ќе почнам со мојата лемна станица, од прочуената кинеска марка Lion King
, модел LK-852D, цена околу 100евра (кој како ќе се исценка
).
Вака изгледа од надвор:
А вака од внатре:
Типично кинеско склопување, сите делови на криво...
Прва и основна работа што не ми се допаѓа кај оваа лемна станица е што трафото е цело време под напон, дури и кога ништо не работи и сите прекинувачи се исклучени. Бидејќи немам доверба во кинеско трафо да го оставам вклучено кога не сум дома, за да не го вадам цело време кабелот од штекер додадев прекинувач од задната страна кој ги прекинува фазата и нулата кога не се користи станицата. Паралелно со контактите има по еден кондензатор 0,1uF ~250V за да се намали варничењето при вклучување/исклучување. За да не заборавам да го исклучам прекинувачот на предната страна монтирав LED која трепка цело време додека е станицата под напон.
Втора работа што ја приметив е дека некои делови превише греат за мој вкус, после само една минута работа двата низа отпорници во средината (два реда 4x20k/2W паралелно) се вжештуваат до толку што не можат да се допрат, дури и металниот капак над нив станува врел на допир, тие се сменети со по два отпорника 10k/11W врзани паралелно за да се добијат потребните 5к, при што греењето е сега драстично намалено. Од десната страна има едно мало отпорниче од 82к од 1/4W кое целото беше поцрнето, дури и плочката под него беше потемнета од греење, го сменив со ист таков но многу помоќен, не знам колку ватен е, ама сега комотно може да се држи со прст. Од левата страна доле има отпорник 300ома/2W за леткумот, иако не се грееше нешто претерано, и тој го сменив со помоќен. Исто така на тријакот над него ставив ладилниче што кинезите „заборавиле“ да го монтираат
.
Пред:
Потоа:
Плочката е вратена на место и станицата е спремна за работа:
За крај - мое мислење е дека за аматерска употреба и за тие пари вреди, дувалката си ја врши работата, плус ако затреба има резервни комплетни рачки за 400-500ден., за летмумот ми кажале дека не чини и одма гори, ама еве го овој мојот намерно го оставав вклучен да работи со саати, уште не се стопил.
Кој има да додаде некое мислење, критика или искуство, позитивно или негативно, околу оваа или некоја друга кинеска станица, нека пише...