Зш не би зел како последното?
што да нарачам?
Се мислев за контрола + рачка ама некако не ми испаѓа математиката. Ми треба плочка со лед, + плочка за контрола+напојување+кутија... поарно станица комплет. Инаку, да ќе почекам пред да стегнам бај
Бидејќи последното што го имаш ставено е леткум со контрола од триак.
Чекај малку, сега видов, не е баш само леткум со контрола на триак, има и некој дисплеј... хммм, можно е да е контрола, ама со термопар и микроконтролер, така да, има feedback... damn it, ми ја украле идејата
(да бидам искрен, имав ваква идеја).
Добро, без разлика, да, изгледа има feedback и температурна контрола, ама тоа не го менува фактот дека работи на мрежен напон и дека не е пожелно со ваква работа да одлемуваш компоненти... особено не дигитални. Би јас користел и јас, ама само како транспортен леткум, само ако нема што друго да користам, ама не и за по дома. Ако ти е за дома, еве ти линк од контрола за лемна станица и рачки со грејни тела
. Ќе треба да си купиш и врвови бидејќи тој кој стига со рачките е колку да не да стои греачот гол
. По нив имаш и линк за врвовите, нарачај си 5 комада, нема да зажалиш, други врвови нема да користиш, ќе видиш
.
http://www.ebay.com/itm/262617975859
https://www.ebay.com/itm/142656650165
http://www.ebay.com/itm/122896366323
На крај само треба да најдеш и некој адекватен трансформатор и кутија и да ги склопиш, толку
.
За „фен“ не ни имам представа колку вати треба да е ова она...
Компресорот не знам дали има филтер, ако има пеки, ќе тера долго и добро, но ако зема директно воздух или ќе треба да се чисти или ќе заглави, мислам дека се со мембрана односно слично како звучни. Може и сам се тресе од прашина.
SMD феновите се од 500 до 700W. Оние класичните, со пумпа, се околу 700W, овие со кулери се движат од 450 до 600W колку што имам гледано, со максимална температура од 450 до 480 степени. Генерално земено, се од 500 до 700W ќе ти заврши работа
.
Ни компресорот ни таа со кулер нема никаков филтер. Предноста на таа со компресор е тоа што компресорот е во кутијата и малку тешко влегува прашина во неа, тоа е се... а освен тоа, дури и ако влезе прашина во компресорот, само ќе го издува надвор низ лемната станица. Тие со кулер нема така да направат, тие ќе си лепат прашина на кулерот. Која е причината, зошто едниот принцип на работа не собира прашина, а другиот собира, не знам... можеби некој со поголемо познавање на физика ќе може да објасни
... само знам дека кулери собираат многу прашина... можеби може да ги направам вечни, ама не можам да ги направам да не собираат прашина
.