Како што претпоставував, изгледа има повеќе проблеми со контактите системов. Ќе треба се да менуваш, сите flat кабелчиња. Мислев дека се едно или две проблематични, ама изгледа повеќе биле. За да бидеш сигурен, смени ги сите. Да, ова бара многу време, но... тоа е тоа. Ти реши да го правиш
.
Ако и по менувањето на кабелчињата, повторно не работат копчињата (или нешто трето), некоја од овие три ситуации би требало да е точна (а можеби и комбинација од сите три
): имаш микро прекини на самите плочки, имаш лоши/ладни лемови или имаш некои пасивни компоненти кои поради X причини, не работат како што треба (суви кондензатори, напукнати отпорници, напукнати кермачки кондензатори, итн.). Дали од удар, дали од лоша изработка, кој знае, но, според мене, овие се можните проблеми. Во вакви ситуации, ако веќе си решил да го правиш, се оди од вод до вод и се мери на beeper подрачје, по потреба мериш и отпорност на отпорници (ако нешто не штима) и капацитивност на кондензатори (повторно, ако нешто не штима). Се водиш по шемата на системот (скоро невозможно е вакви проблеми да се поправат без шема, среќа што за системов има шема
), следиш по шемата и тоа е тоа. Друг освет освен овој... немам :S.
Е сега, излезе друг проблем, сега само свети Power и не сака да чуе да се уклучи, не се вклучува дури ни автоматското демо, премногу ми е сомнително напојувањето, бидејќи на VCC+ и VCC- нема апсолутно никаква струја, а сега првпат го извадив конекторот CN950 бидејќи морав се да вадам за да го сменам конекторот, го проверив CN950 и контактот е одличен, значи не е до кабелот.
Ништо, ќе си мериш напон. Викаш дека не доаѓа напон до секциите. Ќе мериш прво на конекторот CN950 дали меѓу пиновите 1 или 2 (краткоспоени се, исто така, провери дали се краткоспоени) и 5 или 6 (исто така краткоспоени) има напон. Истото направи го меѓу пиновите 3 или 4 (краткоспоени се) и 5 или 6 има напон. Ова мерење го правиш со изваден конектор. Ако ти „шантраат вреностите“ на волтметарот, стави два кондензатори меѓу пиновите 5 и 2 и пиновите 3 и 5 со вредност од 1000uF и максимален работен напон поголем од Vcc, односно Vee (ова лесно ќе го утврдиш преку максималниот работен напон на кондензаторите за пеглање на напонот
). Ако немаш напон, се враќаш наназад во шемата да видиш кај може да биде проблемот, проверуваш од лемна точка на лемна точка на beeper подрачје, вод по вод, се разбира, со исклучен систем (не е приклучен на мрежно напојување). Ако имаш напон, истата проверка ја правиш и за останатите напони (SYS6V, FL1, FL2, SUB B, итн.). Ако се е ОК, го приклучуваш конекторот и гледаш, се пушта или не системот. Ако се пушта, ОК, си го направил (барем тој дел), ако не, пак се враќаш на мерење, сега, со приклучен конектор, пак мериш, ама на другата страна на конекторот CN950 (H950, W950). И, таму гледаш дали има Vcc, Vee, SYS6V, FL1, FL2, SUB B... е сега, можно е вредностите на напоните да се разликуваат од пропишаните, тоа веќе бара малку подлабока анализа.
Не знам... јас така би работел. Не е исто вака на форум и да го правиш со сервисер покрај тебе. Но, тоа е тоа. Да сум таму на лице место, друга ќе беше ситуацијата, можеби и друг приод ќе имав. Вака, преку форум, тие совети би ти ги дал
.