Не мислам дека е единствениот проблем во CN304 и CN1001. Тоа може да е само дел од проблемот (поради кој не работи декот), а мислам дека главниот проблем лежи во парот од конектори CP601 и CN303.
Ај малку подруга тактика. Работи ли Open/Close копчето за CD плеерот? Ако не работи, провери дали на отпорникот R884 (на едниот крај поврзан со процесорот C2CBJF000014, односно IC305, не на овој крај, на другиот крај) доаѓа маса (GND) кога ќе го стиснеш копчето за Open/Close на CD плеерот. За попрецизно мерење, залеми една жичка за оној крај на отпорникот кој не е поврзан со процесорот, унимерот постави го на beeper подрајче, минусот на унимерот врзи го за маса, а плусот за слободниот крај од жичката. Ако унимерот јавува краток спој секогаш кога ќе го стиснеш Open/Close копчето (пробај неколку пати, да не случајно „еднаш работи, еднаш не“, исто така, не е лошо и малку да го мрдаш кабелот меѓу CP601 и CN303 додека пробуваш за да се осигураш дека сигурно не е проблематично flat кабелчето), тогаш сигурно е ОК врската за KEY3 (CD Player Open/Close), а за останатите, ќе треба додатно да се проба. Како и да е, ако унимерот јавува краток спој, а вратничката не се отвора, тогаш можно е да е проблематичен отпорникот R884. Одлеми ја жичката од едниот крај на отпорникот R884 и залеми ја на другиот крај. Сега постави го унимерот во омско подрачје. Кога ќе го стиснеш копчето за Open/Close, треба да јавува отпорност од околу 100-тина ohm-и (не е проблем и ако е 90 или 110, 120ohm-и, битно е да не е многу повеќе или многу помалку од ова, на пример, 50ohm-и или 150, 200ohm-и ако јавува, тоа е веќе проблематично и овој проблем ќе мора додатно да се испита). Ако не јавува никаква отпорност (open circuit), проблематичен е отпорникот R884 (а и некои други околни отпорници, ова ќе треба додатно да се испита), со негова замена би требало да почне да работи Open/Close копчето. Ако јавува нормално отпорност (од околу 100-тина ohm-и), a вратничката поврторно не реагира при стискање на Open/Close копчето, сега ќе го поставиш унимерот да мери еднонасочен напон до 20V, а жичката ќе ја преместиш на пинот 92 од процесорот (пинот за кој е врзан отпорникот R884). Кога копчето Open/Close не е стиснато, напонот на пинот 92 од процесорот (првата слика долу) би требало да има иста вредност со напонот на заокружениот пин на втората слика долу. Кога ќе го стиснеш копчето за Open/Close, треба на пинот 92 од процесорот да има напон со вредност од 0V (GND). Ако напонот на пинот 92 од процесорот држи некоја константна вредност (на пример, 5V) и не се менува при стискање на копчето Open/Close, имаш некоја микро пукнатина на плочката на која е поставен процесорот (се разбира, ова се констатира само ако се што напишав претходно е ОК и нема никаков проблем). Извади ја плочката, убаво визуелно прегледај ја, особено делот околу пинот 92 од процесорот. Ако не гледаш никаква пукннатина, краткоспои го пинот 92 со адекватниот крај од отпорникот R884 и пак пробај со Open/Close копчето на вратничката. Ако ни по ова не проработи копчето, ќе додатно да се испита кондензаторот C383 (и кондензтаорите околу него, да не случајно некој од нив е во краток спој) и да се провери дали напонот VREF на пин 98 од процесорот има иста вредност како и напонот VREF означен на втората слика долу... кога ќе размислам подобро, не е лошо ова прво да го провериш, па потоа се останато
. Ако вредноста не е иста, прати го како се движи водот од процесорот и на секоја лемна точка која зема напон од сигналот VREF, мери ја вредноста на напонот. Ако не е иста, некаде има прекин на водовите (микро пукнатина или лош контакт на flat каблите, зависи каде мериш). Преспојуваш (прелемуваш) со краткоспојник до онаа точка во која си го открил прекинот и пробуваш. Ако работи, ОК, си го поправил, ако не, бараш и натаму каде може да има проблем
.
Ова излезе малку комплицирано, некако ми изгледа натрупан и без концепт целиот post, ама пишував па како што ми доаѓаше мисла по мисла
. Ако не се снајдеш, пиши ќе дообјаснам
. Во меѓувреме, само ќе потенцирам дека заокружените пинови на првата слика подолу, од процесорот, се оние кои се клучни во овој проблем. Ако на нив се менува напонот со стискање на копчињата (на пинот VREF не би требало да се менува напонот и на него не би требало да има напон од 0V, GND, ако има, оваа ситуација треба додатно да се испита), тогаш најверојатно проблемот е во процесорот, а не во врските меѓу копчињата и процесорот
.