Требаше да ги провериш оние кои ти пишав да ги провериш. Тие се важни за дефинирање на напонските нивоа кои ги прима процесорот на KEY1, KEY2 и KEY3 пиновите. Или можеби јас не те сватив
, си ги мерел сите, ама ги пиша само сомнителните
.
Добро е што си ги мерел off board, но на оние отпорници кои ги заокружив не влијаат околните компоненти врз нивната отпорност. Нив не си морал да ги вадиш.
Околу толеранциите, за повеќето од отпорниците кои ги пиша, толеранциите се во граници на нормала. Тоа што се накачувала отпорноста, тоа може да се случува поради начинот на кој е изведено мерењето (ако си мерел со „два прсти“, истовремено со прсти ги држиш двете испитни сонди на унимерот и контактите на отпорничето, за да има попрецизно мерење, но тоа не е правилен начин на мерење, влијае отпорноста на телото врз мерениот резултат, особено ако мериш отпорности од редот на KOhm-и) или поради начинот на кој унимерот го извршува мерењето на отпорноста (можно е на некој начин да му влијаат паразитната индуктивност и капацитивност на отпорникот врз унимерот, па да нема правилно отчитување). На пример, начинот на кој е изведено мерењето на следната слика е неисправен. Треба само едниот палец да ја допира испитната сонда, а другиот палец не смее да ја допира другата испитна сонда.
Како и да е, малку се сомнителни R635 и R700. R635 може директно да го замениш со нов, а за R700, ако го немаш мерено off board, измери го off board и ако повторно јавува отпорност од околу 3.4K (значително поголема од 2.7K), замени го со нов
. Сепак, замената на R700 не е неопходна бидејќи не влијае врз работата на копчињата.
Сега, да се навратам на flat кабелчињата и она што (можеби
) прво требаше го пишам
. Најверојатно целиот проблем потекнува од flat кабелчињата
. Штом кога ги пипкаш, мрдаш, јавува дека има касета во декот, а нема, очигледно е дека зезаат контактите меѓу плочките. Адекватни flat кабелчиња, не верувам дека ќе најдеш, а и да најдеш, најверојатно ќе бидат прилично скапи, а можно и да не се реши проблемот со нивна замена (ако се проблематични лежиштата за flat кабелчињата, тие треба да се смеат, а не flat каблите, а такви исти лежишта или адекватни, не верувам дека ќе најдеш). Може да пробаш да ги исчистиш контактите, но ова решение е прилично макотрпно и не гарантира траен резултат (можно е по некое време пак да почнат да зезаат, да се наполнат со прашина од кулерот или нешто сосема трето и пак да го имаш истиот проблем). Во вакви ситуации, најдобро функционира patching, односно целосно заобиколување на проблемот
. Flat кабелчињата, заедно со контактите се заменуваат со жички залемени од едниот крај на една плочка до другиот крај на друга плочка
. Во вакви ситуации, јас користам flat кабелчиња од IDE кабли (но 16 битни кабли, не 32 битни, 16 битните имаат подебели жили, што обезбедува подобар контакт и се поотпорни на кинење при монтажа и демонтажа на плочките од уредот, ако не ја знаеш разликата меѓу 16 битни и 32 битни IDE кабли, види ја сликата долу). Може скоро секаде да се најдат, прилично евтини се и може да одвојуваш колкав сакаш број на жили од нив (сакаш 9, 10, 15 жили, не е проблем, лесно се двојат
) и со колкава сакаш должина (прилично долги се, така да, барем за вакви намени, каде не е потребна должина поголема од, на пример, 30-тина cm, одлично вршат работа
).
Прво пробај со замена на flat кабелот измеѓу конекторот CP601 и конекторот CN303, па ако проработат дел од кочињата, ќе одиме со замена и на другите (препорачливо, сите
).