Пред некое време се чудев што ќе ми е вакво нешто, демек нема да ми притреба никогаш.
Е да видиш како сум се зафркнал, сега ми треба ите како, направив 2 од кои едниот работеше ама не како што треба, па седнав и си дизајнирав мој прототип на уредов, во тек ми е набавката на делови, значи проектов е сеуште во изработка и е само на лист, нареднава недела треба да го составам (да ми пристигнат деловите). На симулација си работи ОК, користев LM358 за основниот дизајн, про планирав да има само регулација на струјата, ама подоцна сакав да имам и излез за да мерам струјата, па после сакав и температурна заштита (колку толку да има) и завршив со 2 операциони засилувачи LM358(секој од нив има по 2 во градбата), односно 4 независни блокчиња, можеше да бидат 3, со тоа што 1 требаше да остане неупотребен, па него го искористив како бафер за да не би ми се оштетил потенциометарот (а и останатиот дел од колото) поради Х причини (грешки при работа).
Треба да се знае дека за правилна работа, потребен е поголем напон за напојување на ОЗ, бидејќи не е од типот rail-to-rail, а MOSFET-от не е logic level, па и него му треба малку повисок напон на гејт за да почне да проведува. Значи мора да се обрни внимание на напојувањето на целиот склоп, јас користам од 9V (оти така ми беше убо!
)
Треба да се постави соодветен ладилник затоа што MOSFET-от прилично ќе загрева. Е сега користам отпорник од 1ом, како сензор за струја, се разбира дека можеше и друг тип да се стави (со помала отпорност) со што би се зголемила максималната струја на работа на склопов, ама за онаа намена за која што мене ми требаше (до 3А) е повеќе од доволно, во план сум да ставам 10х10оми 1% отпорници паралелно поврзани (накнадно ќе образложам зошто како што, кога ќе го започнам проектот).
Има еден дел од ОЗ кој се користи само како бафер за да не би се предизвикала голема грешка во мерењето, поради внатрешната отпорност на мултиметарот кој ќе се користи за да се мере напонот (а прито ни се прикаже вредноста на струјата).
Околу мерењето, планирам да ставам панел метри, јас најдов едни кој не им е проблем да се поврзат во спој со заедничка маса, некои волтметри (како што е случајот) не може така да се поврзат па потребно е и преправки (на самиот волтметар). За ова ќе мора да се обрне посебно внимание да не биде после јас крив.
Најлесно се одредува, ако може да си го мери напонот од кој се напојува голема е веројатноста дека ќе работи како што треба
Во тек ми е подготовка на тема за High Side сензори на струја и Low Side сензори (како што е овај во мојот случај), не е нешто посебно ама е добро да се знае
Како што ќе работам ќе ја надополнувам темава, сега за сега толку, во атачмент е првичниот дизајн после неколку редизајни
, со овај ќе одам, со тоа што можно е да не го користам тој MOSFET (BUZ11) оти ми се истрошија
, ќе треба да си набавам други.
Кратки карактеристики:
I
max= 3A
U
max= 30V
P
max=70W*
И најважното од се, за да не биде после немаше нигде ништо
Овај дизајн на Електронски Товар е во сопственост на авторот, забрането е какво било него изнесување надвор од форумот, производство за продажба, објавување во списанија, блогови и останати форуми, без одобрение од Авторот на проектот.**Во случај на спор одговорен е Основен Суд Битола