еве една шема за едноставен полнач на NI-CD батерии што го имам направено и функционира супер, батериите се полнат со константна струја и полначот се гаси кога ке се наполнат батериите.
R1 - 1.2K
R2 - види ја табелата
R3 - 2,2К
Q1 - TIP41C или било кој НПН транзистор за струја од 1А и моќност од 3W
Q2 - 2N2222, CS9013, или сличен НПН транзистор
LED1 - Црвена или било каква лед диода што работи на 2V
LED2 - Жолта или било каква друга лед диода освен црвена
D1 - 1N4001 или слична диода
D2 - види ја табелата
12-15V напојување и струја поголема одколку струјата што е потребна за полнење на батериите.
при работа кога батеријата е при крај со полнење може и двете лед диоди да светат, меѓутоа батеријата уште се полни се додека не се изгасне LED1 и се запали LED2. Полначот што го правев јас беше за батерии од 14,4V, диодата D2 беше 17V (12V+5V), на излез имав ставено 2 диоди за максималниот напон да се намали, за транзистор користев BD135, за Q2 користев BC547 и супер функционира полначот.
шемата е превземена од:
http://www.simple-electronics.com/2011/10/simple-ni-cd-charger-automatic.html