Author Topic: Проблем со инкубатор за ведење пилиња  (Read 8286 times)

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Проблем со инкубатор за ведење пилиња
« Opened on 29.04.2013, Monday, 21:22:17 (Edited 29.04.2013, Monday, 22:05:08) »
Најнапред здраво до сите.
Имам проблем со инкубатор за пилиња во самиот инкубатор има поставено механизам кој за одредено време (2-часа) го врти механизмот за 180-степени (Значи внатрешно би изгледало ги врти јајцата да не изгорат.)Кога го земав инкубаторот си работеше најнормално се но после една година употреба механизамот ми се расипа т.е несака да застане постојано врти и треба рачно да го гасам од прекидач што не е баш добро.
Во самата плоча која што ми изгледа како тајмер да е има PIC12F508, реле, и L7805CV.
-Мислев дека ми е проблемот со релето го заменив со ново ги заменив електорлитите од 100mf и пофторно несака да застане.Дали би имал некој на ум што е можно да е или да работи со ваков тип на пикови па да му го однесам да го прегледа.
еве слики од плочката каде што е тајмерот.



Слика како е поврзано со сменето реле и електролити.



Слика од механизамот со прекинувачот.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со инкубатор за ведење пилиња
« Reply #1 on 29.04.2013, Monday, 22:06:59 (Edited 29.04.2013, Monday, 22:08:57) »
Со PIC е изведен тајмерот? Јас никаде на сликите не видов осцилатор ???.

На крајот на краиштата, ова може многу едноставно да се изведе и со еден обичен 555, ако единствената работа која треба да ја прави склопот е да врти на секои 2 часа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Ако напојувањето е добро 5V тогаш ќе мора да се смени микроконтролерот, но со програма што ја има постоечкиот. Ќе се обратиш до производителот, или да го смениш целиот склоп со нешто поедноставно а ќе ја врши истата функција.

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Вака најпрво незнам дали е воопшто pic на него пишува 12F508 инаку се наоѓа на првата слика под сината жица и според гледање на интернет мислам дека е pic.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Вака најпрво незнам дали е воопшто pic на него пишува 12F508 инаку се наоѓа на првата слика под сината жица и според гледање на интернет мислам дека е pic.

Го гледам каде е, ама дај извади ја плочката и сликај ја на поголема резолуција, стави ја на маса, подеси macro shot... вака ништо не се гледа, се гледа дека станува збор за некое 4 пинско интегрирано коло, ама кое е, не знам. Можно е и PIC да е (не видов никаде осцилатор на плочката, но, од друга страна, можеби го користи интерниот осцилатор, кој знае), ама не можеме да знаеме пред да видиме лого или ознака на него (ако е PIC, мора да го има логото на Microchip на него... освен ако не е некоја копија).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со инкубатор за ведење пилиња
« Reply #5 on 29.04.2013, Monday, 22:20:34 (Edited 29.04.2013, Monday, 22:28:25) »
Тоа е EEPROM со впишан програм.Прво провери го транзисторот кој е задолжен за палење на релето.Како што кажа Гига и со обичен 555 може да се реши проблемот,само треба да ги пресметаш вредностите на елементите ( 2 часа пауза- 5 минути работна состојба /држи).Ако не го упраиш размислувај за ова варијанта.

Споено мислење: 29.04.2013, Monday, 22:28:25
Се извинувам сепак е  pic :

The PIC12F508/509/16F505 devices from Microchip Technology are low-cost, high-performance, 8-bit, fullystatic, Flash-based CMOS microcontrollers. They employ a RISC architecture with only 33 single-word/single-cycle instructions. All instructions are single cycle (200 µs) except for program branches, which take two cycles. The PIC12F508/509/16F505 devices deliver performance an order of magnitude higher than their competitors in the same price category. The 12-bit wide instructions are highly symmetrical, resulting in a typical 2:1 code compression over other 8-bit microcontrollers in its class. The easy-to-use and easy to remember instruction set reduces development time significantly.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ако кога ке го уклучиш инкубаторот во струја и почнува цело време да врти моторот или транзисторот што е за релето уклучување е зафркнат или пикот, ама според мене поголеми шанси има транзисторот да е зафркнат. ако после 2 саати моторот се пушта и не се гаси тогаш најверојатно ако механизмот има прекинувач некој тој може да е зафркнат.
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Одг: Проблем со инкубатор за ведење пилиња
« Reply #7 on 29.04.2013, Monday, 23:15:57 (Edited 30.04.2013, Tuesday, 00:48:21) »
Еве слика од плочката иначе на тоа што го рачунам јас дека е пиц пишува 12F508 под него I/0 AMW под него има лого на М и пипува до него 0902 толку можам да видам еве слика


Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Дефинитивно е PIC12F508.
Дај одговор на претходното прашање од Bojan.
Жан

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Одг: Проблем со инкубатор за ведење пилиња
« Reply #9 on 29.04.2013, Monday, 23:54:42 (Edited 30.04.2013, Tuesday, 00:51:50) »
Quote
ако кога ке го уклучиш инкубаторот во струја и почнува цело време да врти моторот или транзисторот што е за релето уклучување е зафркнат или пикот, ама според мене поголеми шанси има транзисторот да е зафркнат. ако после 2 саати моторот се пушта и не се гаси тогаш најверојатно ако механизмот има прекинувач некој тој може да е зафркнат.

Се извинувам не го видов ова.
Вака кога го уклучувам во струја почнува моторот да врти постојано некогаш знае да застане на посакуваната точка но поретко и потоа несака да се сврти обратно (за два часа).Кога го купив го пуштам во стуја и механизмот се движи до посакуваната точка од 45-степени и застанува така 2-часа потоа се врти обратно.(Еден вид на биршачи на автомобил).
Потоа има прекинувач кај механизмот кој кога ќе го притисне механизмот треба да застане но тоа некогаш застанува некогаш не.
Зеленото што е од десната страна е прекинувачот.


Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
според мене чим некогаш ке застане некогаш не е прекинувачот, ако можеш со унимер провери го дали има контакт...дека чим некогаш се гаси значи дека транзисторот е добар...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Одг: Проблем со инкубатор за ведење пилиња
« Reply #11 on 30.04.2013, Tuesday, 00:12:47 (Edited 30.04.2013, Tuesday, 00:52:58) »
Бидејки моментално немам транзистор за да го заменам утре ќе ве известам што се случило иначе го испитав и прекинувачот се си функционира добро но забележав сега нешто друго ако го задржам малце подолго од механизмот што го притиска тогаш го застанува колото (механизмот).  

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Можеби е малку изместен механизмот и не притиска на прекинувачот доволно долго (претходно го држел доволно долго, сега не и не прекинува).

Се јавува ли краткотрајно зуење од релето пред да префрли од една во друга позиција или не?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
најверојатно контактите ти се зафркнати од многу пали-гаси, ако можеш да го извадиш и да видиш дали се контактите добри па после да му ја мислиш на друго...иначе чим се гаси транзисторот е добар
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Quote
Се јавува ли краткотрајно зуење од релето пред да префрли од една во друга позиција или не?
Да се јавува краткотрајно зуење т.е во стилот (ЦК..ЦК) како да префрла и толку.
Го издадив скрос прекинувачов идам да најдам некаде ваков па ке пишам што се десило  :-[